И конечно си купив кола.
Сосема нешто шеснаесто испадна
Гледав 2 месеци по огласи, плацеви.... Барав Астра, ама се што најдов беа конзерви префарбани, дотерани за продажба, сите со мали километражи и коли што ги возеле, баби, дедовци, тетки ...
И не само астрата, туку и 99% од други коли.
Купив Мерцедес А160 за 4.000 евра
Од октомври 1998 година, купен во Македонија.
Го купив од другар од мој колега на работа. Значи историјата на колата е позната, а тој го продаваше бидејќи наредната недела заминува во странство. Пред месец-два му бараше 5.000 евра. Не сакав воопшто ваков модел и класа на кола, ама после денешното возење почнав да го менувам мислењето.
Колата е редовно сервисирана, има поминато ~112.000 и знам дека е така. Од опрема има: клима, АБС, АСР, серво, централно со далечинско, електрика на прозори и ретровизори, ал. фелни....
Има нови гуми, со неколку илјади поминато, направен е редовен сервис пред 4.000 и сменети се и плус плочките на кочниците.
Да се средам малце, па ќе ја паркирам во гаража.