Еве да споделам малку искуство, дека читам на овој од алиекспрес не му стигало, оној бил задоволен од ebay,
Значи и двата сајта се само платформа која нуди можност на милиони продавачи да продаваат. И двата сајта имат заштита од измама.
И преку двата сајта продаваат милиони продавачи. Така да, такво генерализирање дека овој сајт бил подобар или оној, не може да се прави. Би било мешање на баби со жаби. Може во едниот или во другиот да наидеш на добри и лоши продавачи.
Работите на алиекспрес се во најголемиот број од случаевите поскапи. Затоа ако си најдете нешто на алиекспрес, побарајте го истото на ebay. Ако е нешто мало, големи се шансите да го има и тоа на подобра цена. Секогаш стискајте Free Shipping и подредете да ви покажува од најниска цена па нагоре (зборам кога се купува од Кина).
Предноста на алиекспрес е во тоа што има работи што ги нема на ebay.
И на двете платформим сигурносните системи се добри, дури на алиекспрес е подобра направена. Така да продавач тешко може да те измами, оти не му ги дава парите додека вие не потврдите дека сте задоволни.
Затоа и продавачите се трудат да се коректни оти од тоа им зависи бизнисот и не им одговара да лажат. На продавачот повеќе му одговара ти да си задоволен и да му дадеш добри оценки и мислење, отколку да те лаже, особено не на ebay.