У последно време скоро секојдневно нарачувам од кај чичко али

До сега се ми е стигнато и се е ОК. нормално кинески добри работи, арно ама неколку работи што ги порачав ми искочија дури ептен добри, ама она ептен.
Пошто иде свеЦко у фудбал ако сакате дрес, побрзо нарачајте од Али

Дресовите се по 10тина евра и се ненормално добри копии на оргиналите. Квалитетот е на ОК ниво, а изработката е исто така ептееееен добра. Сакам дресови, купувам и оргинали, а од али си нарачав на заебанција и доколку кажам дека е оргинал, тешко дека некој ке примети. Ептен се изненадив па ете ако некој сака, да знае дека се стварно добри и да не троши џабе повеќе парички. Мислам да се разбереме, секојпат ке си купувам оргинали, од мерак, а ова е онака успат пошто и така неам некоја омилена репрезентација сеа, незнам за кој да навивам па нека има повеќе дресови

Се заразив со овој Али пошто тука во МК нема од каде да се купат облеки интересни за кучето (освен во џамбо 3 партала кои ги имаме веќе) а на али кај се за без пари, па избор има еден тон. Затоа Барт сеа ми е најдотеран у град коа си го носам
