Сеа влегов на пејпалот после долго време за да проверам.
Глупа опција е што парите ги праќаш на MAIL (?!), веројатно мејлот е со упатство како да си ги подигне парите...
Нема да ти штети да пробаш во секој случај, за подигање тие дефинитивно ќе немаат проблем затоа што во Италија пејпалот е без ограничувања, додека во Србија (пример) сеуште само може да плаќаш, а не да добиваш пари.
ЕДИТ: Оп, сега открив дека трансакцијата е всушност покриена со Buyer Protection програмата, така да МИСЛАМ дека двајцата сте безбедни при трансакција.
Слободно пробај така да платиш.
Поздрав, и едвај чекам да видам што нарачуваш.
