Прво беше „некомплетна адреса“, поради што се спичкарив со овие од Deal Extreme, а после беше „недостаток на информација“, поради што се спичкарив со овие од Пошта. Си видов по тракинг бројче дека уште на 2ри ноември стигнала пратката во Македонија, и 3 пути бев у Пошта (кај Железничка) у потрага по било какви информации. Ме праќаа лево-десно, ми дадоа 3 броја да се јавам, од кои на два никој не се јавуваше, а на третиот се пушташе факс. И во петокот отидов пак таму на шалтер, и’ кажуем на госпожата дека знам дека ми е тука пратката веќе цела недела, и дека не е прв пат да не ми остават известување во сандаче. И дека на старата адреса ми се дешаваше да ми го остават известувањето ПОСЛЕ истекот на тие 5 дена што ти ги даваат за да си ја подигнеш пратката. Давам лична карта, и ај кид ју нот, женава ни од столче не стана, само пружи рака и го извлече пакетот!! Таму и’ беше, на шалтер, фор фак сејк!