Многу тешко поминав денес на царина македонска. Имав нарачка од Аутодок ≈160€. Намерно го оставив пакетот на задни седишта бидејќи совеста ми е чиста. Многу луѓе поминаа така, мене работникот ме запре и ми рече да вадам сѐ од кола. Почнав од пакетот, сакаше да го фрли. Му реков дека пред него ќе го отворам и дека најверојатно има фактура дека не надминува ни 200€. Јас ид страв почнав в кола да го кинам картонот и ми рече полека на маса да извадам сѐ. Извадов, но не најдов фактура (маме Аутодоково, секогаш пуштаат фактура, јас ја имав симнато во телефон, но цариникот не прифаќаше) и ме праша зошто носам од сѐ по 2 парчиња, дали кај нас немало делови?
Потоа појде праша, колегите му дадоа зелено светло и на крај вика што носиш олку во гепек? Му кажав дека сите се средства за чистење и дека се веќе започнати, не се нови. Па потоа праша "Што е ова големово?, всушност прашуваше за резервната гума и зошто стоела таму, а не долу. Па отворај кај плинската боца... Маки и преголем стрес... На крај ме праша "Колку години имаш ти дете?", се насмеа и ми крена рампа... Ко најголем шверцер да сум, со филтри и држачи на мотор и 1л. глицерин...
Едит: А и не бев сам, имав придружник со мене. Така да до 700€ за лична употреба за легални работи е дозволено. Пакетчето патувало низ Полска, Бугарија, Грција и сега кај нас прават проблем. Зошто?