Автор Тема: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...  (Прочитано 366345 пати)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2505 на: 14 Ноември 2022, 15:26:52 pm »
Да тие можи, ти пишав пп.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2506 на: 14 Ноември 2022, 15:36:43 pm »
Внимавајте само на количина, мислам дека дон100 мл беше парфем или тоалетна вода

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2507 на: 22 Ноември 2022, 21:32:25 pm »
Здраво луѓе, би порачал дел за автомобил што не може да се најде тука преку ебау.

Ме интересира дали некој има искуство порачување покрупни делови од ebay? Дали пратките стигаат кај нас и дали во случај на не стигање би рефундирале вака поскап дел?

Конкретно станува збор за:

https://www.ebay.com/itm/174620364280?epid=25034141789&hash=item28a82f4df8%3Ag%3AUmYAAOSw14RgF72l&amdata=enc%3AAQAHAAAAoOMS3N1u6BwPvDEK5rbiRAbzUC%2B7GAIDRwQXGYjv5Oy12LZr5LFVVKODRCJSyw8SzU94%2FLwEqZ5QLZa7wWt1zhOK7B9UptJWWPKbNPMdo7MHoBSt3%2FtFwCdok0TWPWWOwmtbwbKTlewhTGyqdpb18mQDjM%2BDlXLM4iosZtTJQ6%2Bg%2FMQil5McBWaH3UN4k6DIw2th96W43DpRaRmQDQsOfUc%3D%7Ctkp%3ABk9SR_6EtvOSYQ&fbclid=IwAR1OLRLGY3lLflGJ72lB2MatLPjX-Vv-A8Ca5rHtGp2uNyYpqRbtC7QvJ-s

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2508 на: 22 Ноември 2022, 23:16:52 pm »
Odi so istava slika kaj deckoto vo Topansko pole i kazi mu sto sakash kje ti go napravi istovo racno i sigurno nema da te koshta 300 i kusur.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2509 на: 23 Ноември 2022, 08:39:44 am »
Пиши му на овие шо сакаш да купиш и ќе ти одговорат со цена со слики со се.

https://www.allaboutexhaust.gr/

Ќе одиш до Солун ќе си го земиш или ќе го монтираш таму.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2510 на: 23 Ноември 2022, 13:42:05 pm »
Odi so istava slika kaj deckoto vo Topansko pole i kazi mu sto sakash kje ti go napravi istovo racno i sigurno nema da te koshta 300 i kusur.
Кој е тој дечко во Топанско?

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
    • ibiz.mk
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2511 на: 23 Ноември 2022, 14:32:05 pm »
Здраво луѓе, би порачал дел за автомобил што не може да се најде тука преку ебау.

Ме интересира дали некој има искуство порачување покрупни делови од ebay? Дали пратките стигаат кај нас и дали во случај на не стигање би рефундирале вака поскап дел?

Конкретно станува збор за:

https://www.ebay.com/itm/174620364280?epid=25034141789&hash=item28a82f4df8%3Ag%3AUmYAAOSw14RgF72l&amdata=enc%3AAQAHAAAAoOMS3N1u6BwPvDEK5rbiRAbzUC%2B7GAIDRwQXGYjv5Oy12LZr5LFVVKODRCJSyw8SzU94%2FLwEqZ5QLZa7wWt1zhOK7B9UptJWWPKbNPMdo7MHoBSt3%2FtFwCdok0TWPWWOwmtbwbKTlewhTGyqdpb18mQDjM%2BDlXLM4iosZtTJQ6%2Bg%2FMQil5McBWaH3UN4k6DIw2th96W43DpRaRmQDQsOfUc%3D%7Ctkp%3ABk9SR_6EtvOSYQ&fbclid=IwAR1OLRLGY3lLflGJ72lB2MatLPjX-Vv-A8Ca5rHtGp2uNyYpqRbtC7QvJ-s

ова најверојатно преку DHL е треба, затоа рачунај уште 2-3000ден за отварање/проверка/затворање, сите тие документи пополнување од DHL
плус царина ке треба, рачунај +100евра од оваа сума грубо

може поевтино ако најдеш некој камион што вози англија, па да ти го донесе

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2512 на: 23 Ноември 2022, 14:47:38 pm »
Odi so istava slika kaj deckoto vo Topansko pole i kazi mu sto sakash kje ti go napravi istovo racno i sigurno nema da te koshta 300 i kusur.
Кој е тој дечко во Топанско?

Изглеа мисли на Тумац брат му.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2513 на: 23 Ноември 2022, 16:03:54 pm »
Goran Dizna Nikolov
Izrabotuva racno sto ti dusha saka e sega ne e ponikluvan kako na slikata ama forma zvuk dobivas kako orginalot. Na dosta skapi koli ima izrabotuvano izduvi komplet od grana do kraj na motori trkacki isto taka.

Отсутен Hardboy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 172
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2514 на: 05 Февруари 2023, 13:57:51 pm »
Здраво на сите, сакам да го порачам следниот производ https://alba-ebikes.com/collections/arka-motor-rh/products/alba-250rhp
дали познавате некој кој би направил транспорт од турција но да ги заобиколам давачките за увоз?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2515 на: 06 Февруари 2023, 07:16:59 am »
За 600€ продај го твојот и купи си половен.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2516 на: 13 Февруари 2023, 13:29:49 pm »
Искуство, ПОСЛЕДНО со аутоцентар.мк. Ќе споделам комуникација по мејл, пошто се е опишано.

Накратко, направив нарачка на 06.02., денес пак се јавив, сабајлево, пошто од Струмица до Богданци по гулаби да ги праќаа сите делови посебно, до сега ќе ги заборавев.

"Почитувани,

на ден 06.02.2023 година направив нарачка на Вашата веб страна. Истиот ден, добив повик од Ваша страна за потврдување на нарачката, при што изрично прашав - дали сите делови од нарачката се достапни, при што добив одговор дека се е достапно и ќе биде испратено во најкраток рок.

По два дена, односно на 08.02.2023 година (јас веќе очекувам нарачката да ми биде доставена, нели - има се на лагер и поминати се два дена за дистанца Струмица-Богданци), повторно добив повик, со образложение дека конкретно свеќички Hella Energy Pro 8EH 188 704-231 има само две, а јас имам нарачано четири. Патем - втор пат нарачувам од овие фамозни свеќички, втор пат не се достапни. Прво - тргнете ги од понуда ако толку често се случува да ги немате. Кога ќе ги имате - вратете ги. Друго - Ваша вработена ми нуди комбинација две со две, што за сензитивна работа како свеќички, за бензински мотор, е небулозно. За на крај, да ми понудите Bosch свеќички, но со 80% повисока цена од Hella, на што неволно се согласив.

Меѓувремено, отворив да го видам статусот на нарачката, при што увидов дека еден дел ми е заменет со друг - капаче за резервоар Swag 40 90 1226 ми е заменето со Febi 01226. Прашав од кои причини е направена замената - повторно производот не бил достапен, а заменската иако поскапа, ќе биде со цена на првичната. Во ред, но не бев известен за замената, што ми е многу битно.

Рокот за достава од Струмица до Богданци испадна смешен. Добив мејл дека нарачката е испратена на 08.02.2023 година. На 11.02.2023 година Ве контактирав да прашам што се случува со нарачката, Ваш вработен рече дека ќе провери, па ќе ме побара. Не се јави. Се јавувам утрово, да прашам што се случува - добив одговор дека нарачката УШТЕ НЕ Е ПРАТЕНА. Шест дена од наводното ИСПРАЌАЊЕ, односно промената на статусот на нарачката. 40 километри е растојанието за достава. До сега има поминато шест дена. Ако утре се испрати, како што добив информација, среда би ја добил, што веќе стануваат осум дена. А прашање е дали ќе ја добијам на осмиот ден, да не станат девет, десет... Многу, многу несериозно.

Одложувањето се должело на црево од нарачката - го немало, па денес стигнало. Во ред - пратете што имате, па кога ќе стигне и цревото, пак ќе пратите. Е сега, втората достава ќе си ја платите, од причина што секоја грешка се плаќа.

Би Ве замолил корисничката поддршка, односно односот да го подобрите. На толкав број пропусти, кои сите беа предочени утрово на Вашата вработена, добив рамнодушен однос и одговор дека не зависи се од Вас. Да, можеби, но тоа не смее да биде оправдување и само Вие избирате со кого ќе соработувате. Избирајте повнимателно - по ривјуата гледам дека сите се жалат на доставата. Најмалку можеше да добијам извинување и понуда за некаква компензација за непријатностите, како во секоја нормална земја и нормален однос продавач-купувач. Такво нешто не добив, за разлика од пропустот на претходната нарачка каде што добив каква-таква компензација.

Секоја чест, но цените на производите Ви се превисоки за толкав број на пропусти во само една обична нарачка. Пропустите не се случуваат прв пат - повеќе нарачки сум имал, секогаш имало некаков проблем - било помал, било голем како овој.

Поздрав и секое добро!"

Успат, оставив и ривју на Гугл. Мање-више, истата содржина како мејлот, укратко. Мејлот и ривјто се пратени по разговор со вработена таму.

Пред да добијам одговор на ривјуто, ми се јавува вработената и бара од мене да го избришам коменарот на Гугл, при што збеснав и си доби по капата. Нарачката не ја откажав.

Одговор на ривјуто, на мејл немам ништо уште...

"Почитуван Трајче, во врска со вашата нарачка вие бевте известени за достапноста и рокот на достава за вашата нарачка при што и самите сте се согласиле за истата, достапноста на продуктите на нашиот вебсајт се менува во секој момент од причина што не сте единствен клиент кој во тој момент ги има нарачано па затоа и бевте известени дека свеќиците од тој бренд ги нема и ви се понудени на друг за кој исто така се согласивте и за брендот и за цената по која што беа достапни заменските, цените на нашите артикли не ги регулираме ние туку добавувачите на тие брендови, сепак вие кај нас имате и дополнителен попуст и доколку толку пати ви имаме згрешено и цените ни се превисоки не верувам дека ќе бевте редовен клиент како што кажавте. Со почит тимот на АутоЦентар.мк"

Одговоров вришти. Класично правдање кога си крив. На крај испадна дека јас сум крив што сум нарачал од нив. Неисе...

Им вратив одговор на мејл и го корегирав коментарот на Гугл дека бараа да го избришам коментарот.

"Почитувани,

се осудивте да влезете во полемики со купувач. Во ред. Разбирам, да се разговара, ама да сте во право. Кога не сте, само треба да се извините и да гледате да се исправи грешката.

Немојте да манипулирате. Разбирам дека можеби имате потреба да си ги штитите вработените. Ајде, со ред...

1. Никаде на веб сајтот немате рок на испорака. Еве:

"Време на испорака и враќање
Нарачката или дел од неа може да биде заменета/вратена до 14 дена без да е нарушен трговскиот вид (стоката не смее да е употребувана или монтирана и со зачуван трговски изглед и амбалажа, кутија или плик во кој е примена) придружувано со документ за набавка."

За достапноста, да, бев известен, после два дена од нарачката, како што пишав. Рокот за достава никој не ми го кажа, а како што кажав - нит па ви е некаде наведен на веб страната. Два пати пробавте да ме излажете - зошто нарачката има статус испратена од 08.02., а наводно денес ќе ја испратите - 13.02.? Прв пат, и втор пат - вие сте го менувале статусот на нарачката ден пред да ја испратите. 13.02. не е ден пред 08.02., туку има 5 (пет) дена размак помеѓу нив. Лаги, со која цел? Да се извадите за грешките и пропустите. Како да се согласам за нешто што не ми е ни кажано? Сум се согласил за времето на испорака. Небулоза.

2. Достапноста ако ви се менува секој момент, бар обидете се да го следите тоа и со ажурирање на веб страната. Точно, ме известивте за тоа дека конкретните свеќички се недостапни и ми понудивте заменски, при тоа 80% поскапи. Еве, јас да се послужам со вашите одбрамбени механизми - што ако вие тоа го правите со намера, да продадете од поскапиот производ? "Нема од евтините, еве ви замена - поскапи". Тоа што не сум ви единствен клиент не треба да го имате во вокабуларот - сите клиенти треба да ги третирате исто. Ако ви недостасува кадар тоа да го остварите, вработете. Нема оправдување.

3. Дополнителниот попуст да не ми го дадовте од што многу ме сакате? Попустот беше надомест за претходен пропуст направен во последната моја нарачка, кој сами ми го понудивте, така да и оваа поента ви паѓа во вода. Да ве потсетам - нарачав платнени патосници кои ми пристигнаа без никакво пакување и валкани. Се јавив да прашам зошто, најферски ми се извинивте и компензиравме. Зошто денес тоа не се случи, а пропустите споредено со тој се 300% повеќе и поголеми?

4. Редовен клиент? Туку што го загубивте. Затоа и ви реков да не влегувате во полемики со купувач. Муштеријата е секогаш во право, ако мислите да работите. Ако не, расправајте се, слободно. На секој лош ривју на Гугл, полемизирате со сите "ама не, ама, ова, ама она". Вие никако немате кривица, туку излегува дека купувачот згрешил што нарачал од вас. Еве, дајте едно ривју каде што во одговор сте се извиниле? Имате бар 10 негативни ривјуа. Нека гледаат луѓе.

А тоа што дрско побаравте за го тргнам коментарот, е тема за друг муабет.

Нарачката со број 114117 направена од мене, Трајче Тодоровски, ја откажувам, нема потреба да ја праќате. Не дека денес ќе ја пратевте...

Едно извинување ќе беше доволно. Ама, кој да знае.

Поздрав и ви посакувам успешна рабта."

Нема да не биде - е па, нема. Вака... Тешко.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933

Интересен сајт со многу интересни работи со супер цени

https://www.cars-equipment.com/

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 208
Дечки ако нарачам држачи за хауба од Али во вредност 25е. + 15е. шипинг, ќе ми земат ли царина данок нешто додатно тука?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Не, мала е сумата.
25€, имаш и потврда за тоа и можеш да им испратиш.
Секако продавачот пишува мали суми на пакетчето.