Ај некој од поискусните да ми кажи како да постапам.
Сакав да порачам еден дел за скутер од Германија преку ebay.de. Во шипинг ја немаше Македонија, но го контактирав продавачот и ми кажа дека можи да ми го прати делот и шипингот ќе биди до 10 евра. Од ко ми кажа дека можи да ми го прати одма сакав да го порачам и платам но ибеј не ми дозволуваше да платам бидејќи македонија ја нема во листата за шипинг и нема одредено колку треба да платам за тоа.
Потоа го контактирав продавачот пак и ми прати ИБАН и СВИФТ код, но за да платам преку тоа ќе ме кошта додатни минимум 750 денари (прашав во банка), што е прилично многу. Преку пејпал многу поедноставно ми е и плус заштита имам некоја.
Според вас како е најдобро да постапам? Дали да му пишам на продавачот да ја додади Македонија во шипинг земјите и да си платам преку ибеј и пејпал или не е можно тоа?