каква заебанција имав со Амазон, добив чувство дека се работи за Рамче дооел а не Амазон.
Пред 3 недели нарачав Nexus 6, со достава за 2 дена на адреса во УСА. Пратката не само што не стигна за 2 дена него 3 недели стои со статус Preparing for shipping.
Бидејки адресата на достава беше валидна само една недела, јас секој ден им пишував кој е проблемот со доставата а господата секој ден ми пишуваа "Утре ке биде"
Помина и последното утре, и побарав откажување. На истотот ми одогворија дека неможе бидејки нарачката веке била во процес на испорака. И така после 3 дена дошишување со нивниот Customer Service (кој се состои од 100% Индијци) кој не можеше ниту да ми каже сошто не е испорачано ниту па кога ке се испорача се согласија да ми направат рефундирање но одкако ке успеат да ја откажат или па ова е цитат ако случајно ја испратат приемачот да го одбие приемот.
Сумата на пари не ми беше повлечена од сметка, беше само авторизирана и резервирана. Бидејки од кога почнав комуникација па цели 3 недели не добив ниеден искрен и вистинит одговор се обратив кај нас во Банка со сите маилови и лугето ми ги ослободија резервираните средства без никаков проблем.
Прв пат купувам од Амазон, по лошо изкуство никогаш до сега сум немал.