Дечки ми треба совет.
Татко се реши конечно да земе кола на старо, па ми треба некој совет од вас и/или ако знаете некој да продава домаќинско одржувано количе.
Не можам да го убедам за дизел, едноставено не сака да се замара со дизел, па сака да оди на варијанта бензин или бензин/плин.
Она што бара е следново
- Што е можно поново годиште (2005-2006 па нагоре)
- Бензински мотор до кај 2000 кубика
- Минимална моќност околу 110 КС, под тоа не.
- Плински систем може, но не мора
- Реална километража (до кај 200 000км)
- Зачуван интериер (да не смрди на цигари, скинати седишта од пикавци, таван и слични глупости)
- Да не биди турбаш
Е сега во однос на големина и тип на возило, бара поголема кола, дури и караван доаѓа во игра.
Пред се сака нешто од типот на Skoda Octavia, VW Golf V/VI Variant, можи некое урбано SUV-че, од типот на Tucson, RAV4 ...
Во глобала веќе не сака Opel/Chevrolet бидејќи сака да смени, а и не сака италијански

Во глобала бара германски или јапонски/корејски.
Јас го кандисувам за дизел од типот на E90, W211, и сл. ама некако не ме слуша

До некаде се разбираме за Accord/Avensis

Буџет од 5000-7000 евра отприлика.
Ако знаете некое проверено возилце, или совет, бујрум.