Си ја избрал најглупата причина да хејташ Форд, бидејќи буквално сите коли се дизајнирани така да се распаѓаат при фронтален удар, поради физика.
Еве, исто за Голф 5 да ти посочам, кола на мој другар. Хауба прекршена на пола, хладњак, браник, два фарови, двете крила, челен лим, и уште некои други работи оштетени, вкупна штета од ~2000 евра. Возел 80-90 на булевар, не успеал да докочи и удри во задниот дел на друга кола, веројатно со околу 40 км/ч, ќе го прашам да видиме вештаците што заклучиле. Е сега, на мене и на тебе 30/40/50 км/ч ни изгледа малку, ама пушти си краш тестови по интернет, кои се извршуваат при 60 км/ч, ќе видиш дека силите кои се во игра при тие брзини се ОГРОМНИ.