Дали има некоја информација онлајн, или некаков сервис да прерачуна колку би чинеле давачки за увоз на кола од Германија?
Фиксните трошоци ќе ти ги кажам, Цариниците се водат по Шваке (или dat.de), зависи од колата.
150 евра осигурување + таблички + регистрација во Германија.
35 евра патарини преку Унгарија/54 евра преку Словенија/Хрватска.
(70евра ЕУР 1 + уште еден ден за спиење/хотел)
2-3 резервоара бензин/нафта = 200 евра.
800 денари лежарина на Терминал.
3000 денари Шпедиција.
100 евра тиф+хомологација.
Царина + ДДВ (пресметуваш по каталог).
Прва регистрација + таблички.
Треба да земам да направам некој онлајн калкулатор или страница за увоз. Мин. на 20тина луѓе им ја имам пишувано процедурата, цената и начинот на увоз на кола од ЕУ.