Пак го употребуваш зборот „кршеви“, дефинирај ми што за тебе е „крш“ кола ?
Па повеќе кршови од коли во Македонија каде што просечно годиште е 2000 година нема никаде во Европа!
Што ли е крш кола? Крш кола ти е што има издуван мотор, наполнет со 20-50 масло и адитиви, затнат со силикон на неколку места, вклучително и самата глава. Моторот тих и пее. Подвозјето е репарирано и поциганчено со најразлични материјали (вклучително битумен), амортизерите “репарирани“, километрите од 500+ илјади вратени на 130, воланот претапациран, гумичките на педалите заменети, седиштата исчистени, или претапацирани. Во случај на пореметување на електрониката, презалемени кабли, вадени/лепени сијалички/презалемени сијалички на шалт табла за да не светат.
Инаку од надвор, така добро светната и исполирана, очите да ти останат во неа.
Тоа е накратко што најчесто се продава на пазарите во Бугарија/Македонија. Јас не го колнам или навредувам пазарот во Бугарија. Јас само велам дека големи се шансите да нагазиш на проблематична кола, која ќе биде црна дупка за пари.

едит. Пет години од животот ги поминав таму. Знам што зборувам.