Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 942804 пати)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #525 на: 12 Јули 2014, 16:54:47 pm »
Зависи на која што и е. :) Ако имаш друга опција, зошто да ја земеш таа правената.
Некои има повеќе, некои помалку. Овие се примери кои не се така лоши.

Се сеќаваш на жолтото мини кое беше тумбано и се продаваше со опис дека никогаш не е допрено, како и аудито на кое му беше мењат кров или цела страна? :)

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6442
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #526 на: 12 Јули 2014, 17:57:37 pm »
Астрата е ок и не е ништо страшно, барем во споредба со сликата од пунтото под неа.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9217
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #527 на: 12 Јули 2014, 20:23:56 pm »
пунтото изгледа страшно,ама реално не е воопшто страшно,ново крило,нов браник,хауба,фар и шофершајбна
и ајде уште еднаш да прашам зошто не би купиле удрена кола,нели кога само лимаријата(шминката) била оштетена

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #528 на: 12 Јули 2014, 21:47:37 pm »
Оти ги продаваат по иста цена со здравите. Ако веќе цената е задоволително пониска тогаш можи да се размисли и за чукната до одредена мера.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20061
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #529 на: 12 Јули 2014, 22:07:55 pm »
Зошто да не ја продаваат за иста цена? И фали нешто?

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #530 на: 12 Јули 2014, 22:25:18 pm »
Да бе, иста е!

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #531 на: 12 Јули 2014, 23:17:24 pm »
А вие што купивте кола од Бугарија, мислите дека вашата не е чукната? Хаха, 99% од колите во Бугарија се удрени (повеќе или помалку), па потоа Бугарите ги "реставрираат" и вие среќни дека сте купиле кола на 120к од баба нечепната си ја возите во МК и се фалите пред комшијата, дека сте купиле стакло кола. Ма дај..

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4624
  • Муфљуз
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #532 на: 13 Јули 2014, 00:41:04 am »
Ако ништо друго бар се испраксираа за фарбање, експерти се не се познава на око во голем дел од случаите.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #533 на: 13 Јули 2014, 00:44:31 am »
Се познава кога ќе почне да пука китот. ;D
Едно другарче се посра кога ја зема колатa, евтино му ја земал па многу била добра....
Кога ја однесе на мајстор, вадење крепи кит од страна, како да пополнувал дупки на улица тој мајсторот. И пак од ново правење. :)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9217
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #534 на: 13 Јули 2014, 01:04:09 am »
уште никој не ми одговори со директен одговор...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43407
  • Il Moderatore
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #535 на: 13 Јули 2014, 09:30:32 am »
Затоа што крилото и подкрилото ќе бидат кинески, затоа што на местото каде што е превиткан лимот и истегнат назад, галванизацијата веќе ја нема, и ризикот да р`ѓоса е голем, затоа што бојата врз новите делови е нанесена со друга технологија и во иднина, дури и да не се познава во моментот, ќе се разликува од останатиот дел на колата. И ред други работи, како „пропуштени“ заштитни пластики и дампинг материјали и слични работи, што ја прават колата со помала вредност од онаа која не е удрена.

Би земал поправана само под услов да имам увид во тоа што е правено или по детален преглед од автомеханичар и лимар. Но никогаш не би земал поправана, ако за иста цена има непоправана.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9217
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #536 на: 13 Јули 2014, 09:45:19 am »
значи сепак се сведува дека не би купил лошо направена кола,што признавам ги има доста кај нас

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43407
  • Il Moderatore
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #537 на: 13 Јули 2014, 09:56:19 am »
Јас само ти дадов директен одговор на твоето прашање:
и ајде уште еднаш да прашам зошто не би купиле удрена кола,нели кога само лимаријата(шминката) била оштетена

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6643
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #538 на: 13 Јули 2014, 10:14:15 am »
Па и јас сакам непоправана кола ама многу ми држат цена уште по салониве :)
П.с и по салоните има многу поправани коли што се продаваат како нови.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #539 на: 13 Јули 2014, 23:28:00 pm »




пунтото изгледа страшно,ама реално не е воопшто страшно,ново крило,нов браник,хауба,фар и шофершајбна
и ајде уште еднаш да прашам зошто не би купиле удрена кола,нели кога само лимаријата(шминката) била оштетена

Би ги заобиколил тие кои имале преправки на крила, можност за оштетени предница, задница.

Приватните фирми лимари кои заменуваат делови лимарија со нови, користат кинески копии кои имаат отстапувања од димензиите т.е. се помали за мала разлика која мора да се пополни со кит, дополнително да се обработи.

Квалитетот е никаков, лимот тенок. 
Другар на гољф 4 хауба менуваше, да го затвори го притисна и дупка се направи.

99% би рекол дека лимарите кој ги прават возилата не ги прават по пропис, квалитетно. Само да се замачка.