Здраво,
Би сакал да добијам ваше мислење за два автомобила од кои треба да се одлучам за купување. Станува збор за Голф 4. МНогу не се разбирам и нема да знам да објаснувам детално во детали, но ме интересираат неколку работи (првите наведени карактеристки се за првиот голф):
Голф 4 99год. Голф 4 98год.
* какви гуми е подобро 15 или 17? (мене ми се допаднаа мн 17 ама незнам кои се подобри за голф 4)
* ТДИ (101 к.с.) и ТДИ (90 к.с.)
* без електрика на прозори со електрика на прозори
И двата се добро сочувани и имаат иста цена.
Однапред ви благодарам,
Разгледај ги убаво од сите можни аспекти... И сочуваност, километражи, знаци на оштетувања и слично...
Колку што знам, не постои ТДИ 101 КС, туку е со 110КС, што рака на срце е одличен мотор. Електриката на прозори е убав комодитет, кој секако би го сметал како предност.
Со оглед на тоа што многу те буни големината на бандажите... Да, на Голфот повеќе му „лежат“ 15ките, пошто колку што знам, фабрички се испорачува со тие. Ќе имаш покомотна вожња и помалку финансии ќе треба да двоиш при промена на гуми. Од друга страна, 17ки воопшто нема да му пречат нему (ако се избрани соодветно), ама може да ти пречат тебе. Да, факт е дека ќе изгледа многу многу поубаво, но, исто така факт е дека нивото на комфор и удобност ќе ти биде намалено, и плус, кога ќе дојде време за промена на гуми, ќе треба многу повеќе да брцнеш во џебот.