Во продолжение прочитајте на што се’ треба да внимавате при поголем сервис на Opel Astra од 2001-та година.
Во конкретниот пример станува збор за F модел што досега има поминато повеќе од 178.000 км. Автомобилот е досега редовно одржуван, но сепак му е потребен поголем сервис кој би започнал со промена на моторното масло, маслото во менувачот, маслото за кочниците и течноста за ладење, филтерот за воздух и филтерот за клима уредот... Кај неговиот бензински мотор, задолжителна е промената на свеќички. Со оглед на тоа што автомобилот има поминато 58.000 км од последната промена на запчестиот ремен, тој само треба да се провери. Ако се е во ред, оставете го истиот, но доколку има било какви нагризувања, треба веднаш да го промените. Кај подвозјето треба да се провери јазот во зглобовите и блоковите. Како и да е, станува збор за опсежен сервис кој е најдобро да му го препуштите на искусен механичар...
Добро би било кога ќе се земе половно возило да се смени и тоа!