Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1527800 пати)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7961
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #6135 на: 16 Ноември 2026, 13:57:11 pm »
Дечки, која шифра за плаќање ја користите за уплата на пари преку СЕПА за купување на возило од авто-плац во Германија? Прикачив купопродажен и се ама не сум сигурен која е правилната шифра.

Се јавив во НЛБ не беа способни да помогнат.

Барај да зборуваш со некој од платен промет со странство. Мора да знаат.

Отсутен shelby

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 179
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #6136 на: 16 Ноември 2026, 13:59:16 pm »
Во право си, треба да појдам лично да зборувам. Не ми е сигурно со новиве шифри што ги воведоа иако секако нема да го одобрат трансферот ако има грешка

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 494
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #6137 на: 16 Ноември 2026, 14:00:21 pm »
Вчера направив проверка преку vinspy.eu, 8 евра, чисто да видам за проба, ми даде извештај, по извештајот, прв запис на Цитроенот (произведен 2013) е на 31 јануари 2014 година а последен запис е во октомври 2017 година и тогаш колата имала 95.000 км, односно некој просек по 30.000 км годишно. Моментално колата има 170.000 км, што не држи логика дека за анредни 10 години колата поминала само 70.000 км  :).

Друга работа што не држи логика е што колата била купена за постаро лице (така е по МК сообраќајната, тоа е ок) оваа година во март месец а се продава сега после 5 месеци со направен голем сервис, регистрација и сл, затоа што не се возела.

Голготата по потрага по половна кола го прогласувам за почната

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Каков тип на возило бараш и до која цена?

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7306
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #6138 на: 16 Ноември 2026, 14:20:29 pm »
Во право си, треба да појдам лично да зборувам. Не ми е сигурно со новиве шифри што ги воведоа иако секако нема да го одобрат трансферот ако има грешка
Оди во банка ќе ти средат, мене ми пуштаа пари преку Сепа деновиве, за 2 минути ќе завршиш работа.

Отсутен shelby

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 179
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #6139 на: 16 Ноември 2026, 16:15:20 pm »
Прашав во две банки еве да споделам чисто за информација - ми рекоа дека платежните шифри не се сменети за плаќања во странство:
540 - Аванси за увоз на стоки
440 - Останати тековни трансфери во корист на нерезиденти