Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1350991 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7127
  • Бенве сие бенве
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #6090 на: 22 Април 2026, 16:47:00 pm »
Убаво возило е, имав пред години 530хд, за патување е топ.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #6091 на: 23 Април 2026, 12:36:34 pm »
Здраво,

Бидејќи имам Панда 1.2 2015 и веќе не ме собира во неа со +20kg дебелина, се мислам да инвестирам во некој не-огромен СУВ што би ми бил примарна кола за низ град и возење на отворено во околина (Грција, Србија, Бугарија).

Пандата би ја продал, треба сензор за кислород да се смени и да се средат неколку гребнатинки. Не знам за колку би отишла, има 137.000 км, купена 2023 за 7000. Парите од продажба би ги пренаменил за новата кола така што вкупно не би одел над 25.000 еур.

Преферирам аутоматик да е, понов, рецимо од 2019 па нагоре. Нешто што нема да треба да го мислам дали ќе ме остави ако редовно си следам сервисни интервали. Да кажаме буџет до кај 25.000.

Гледам Ауто Велт има интересни BMW X1 so 18d и 20d.

Битно ми е да е СУВ, аутоматик мењач и да не прди на угорнини како пандата. Повеќе од 80% од времето ќе се вози на отворено, иако и доста низ град.

Секако, би го возел година-две-три и би го продал.

Се наоштрив едно време за CX-5 ама кај нас само дизели гледам за коишто читам неубави работи.

Совети, идеи?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15127
  • Пудингот на шоферството
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #6092 на: 23 Април 2026, 12:44:50 pm »
Како за почеток да ослабиш 20кг е најдоброто нешто шо можиш да го направиш.А после тоа шо ти орави мерак тоа одбери си во рамките на расположливиот буџет.🙂
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #6093 на: 23 Април 2026, 14:20:38 pm »
Како за почеток да ослабиш 20кг е најдоброто нешто шо можиш да го направиш.А после тоа шо ти орави мерак тоа одбери си во рамките на расположливиот буџет.🙂

Џабе, 191цм сум, пак нешто некаде ќе удира во Пандата. Вака барем со екстра тежина не ме занесува ветер како порано  ;D

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9525
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #6094 на: 23 Април 2026, 18:44:33 pm »
Kupi si KUGA nova kakvo BMW X1 od autowelt

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2829
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #6095 на: 24 Април 2026, 08:47:11 am »
Kupi si KUGA nova kakvo BMW X1 od autowelt
Стварно, со буџет од 25к евра, види прво што има ново за тие пари, мислам дека новиот Ц3 Аиркрос со солидна опрема беше околу 18к евра, па види го и новото Пежо 3008 колку се движи, вака од прва тоа ми дојде на памет
Своерачен потпис ;)

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 903
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #6096 на: 24 Април 2026, 10:26:23 am »
За 24.500 има MG ZS Hybrid.
https://www.mgmotor.mk/configurator/zs-hev
Гледам едно пред зграда, и ми фати око довлно за да отворам страна. Кога видов дека почнува со 25к, а сѓдека за 27к ке имам се од опрема што ми треба се замислив.
Штета не прифакаат старо за ново, иначе си мислам дека одма ке земев едно.

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #6097 на: 26 Април 2026, 12:43:22 pm »
Дечки фала на советите.

Многу битен детал што можеби не го спомнав - колава ќе ми биде втора во улога на примарна. Имам аутлендер али веќе неподнослива е бучавата и на дупки и на отворено од A/T гуми и други детали и планирам да го ставам у улога на кола за ќеиф и шетање и акање по секакви терени. Пред две недели го возев Скопје-Атина-Скопје и ми се одмили од бучава и тропање по бразди на асфалт во Македонија и до Солун.

Колата планирам да ја возам година до две и после да ја продадам, бидејќи нема да ми биде примарна. Повеќе сакам нешто интересно, тивко и удобно, кај што после година две нема да имам некоја огромна загуба.

Претпоставувам дека нова ако земам за 26-27.000 (пример Кугата, толку е) тешко дека некој ќе ја купи за 23-4.000 користена. Ако веќе дава 24.000 ќе купи нова.

Повеќе ми е нешто интересно да пробам, да го изнавозам, изнауживам и продадам.

Можда сум грешка со логикава за ново ама гледам повеќе Спортажи со до кај 30.000 км по две-три години стари по скоро 30.000 се вртат по огласи. Мене логиката ми вика ако више сум решил 30.000 да фрлам на кола (значи не ми било проблем тие пари да ги одвојам и пак да ми е удобен животот), ќе фрлам уште 5 и нова од салон ќе извадам без да му ја мислам дали има некоја мака колата со 30.000 па да си трошам време по сервиси и гаранции итн.

Можда сум ептен грешка, врска немам.

Башка живеам во центар во најлошиот паркинг, пандата партал ми е направена за 2 години од профи возачи. Браниците повеќе црно од сиво имаат што ми ја имаат испоакано.

Претпоставувам за нова повеќе ќе ми биде жал така да се деси, за пандава ме заболе, ќе ја средам у Чаир и ќе ја продадам.


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4593
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #6098 на: 26 Април 2026, 21:45:08 pm »
На 1 година стара кола сигурно и паѓа цената за 20%, ако не и повеќе. Ако ти е за 1-2 години да ја провозиш само, нема економска логика да купуваш нова кола, само на старо, начекај некое сочувано количе, кое не е скапо за одржавање и вози.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6999
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #6099 на: 27 Април 2026, 06:48:51 am »
Се согласувам.

Нова кола - бар пет години да ја возиш. Тука според мене е оној sweet spot помеѓу полн бенефит од нова кола за сопственикот и колку-толку стабилизирање на оној пад на препродажна вредност.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 445
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #6100 на: 27 Април 2026, 15:30:37 pm »
Дечки фала на советите.

Многу битен детал што можеби не го спомнав - колава ќе ми биде втора во улога на примарна. Имам аутлендер али веќе неподнослива е бучавата и на дупки и на отворено од A/T гуми и други детали и планирам да го ставам у улога на кола за ќеиф и шетање и акање по секакви терени. Пред две недели го возев Скопје-Атина-Скопје и ми се одмили од бучава и тропање по бразди на асфалт во Македонија и до Солун.

Колата планирам да ја возам година до две и после да ја продадам, бидејќи нема да ми биде примарна. Повеќе сакам нешто интересно, тивко и удобно, кај што после година две нема да имам некоја огромна загуба.

Претпоставувам дека нова ако земам за 26-27.000 (пример Кугата, толку е) тешко дека некој ќе ја купи за 23-4.000 користена. Ако веќе дава 24.000 ќе купи нова.

Повеќе ми е нешто интересно да пробам, да го изнавозам, изнауживам и продадам.

Можда сум грешка со логикава за ново ама гледам повеќе Спортажи со до кај 30.000 км по две-три години стари по скоро 30.000 се вртат по огласи. Мене логиката ми вика ако више сум решил 30.000 да фрлам на кола (значи не ми било проблем тие пари да ги одвојам и пак да ми е удобен животот), ќе фрлам уште 5 и нова од салон ќе извадам без да му ја мислам дали има некоја мака колата со 30.000 па да си трошам време по сервиси и гаранции итн.

Можда сум ептен грешка, врска немам.

Башка живеам во центар во најлошиот паркинг, пандата партал ми е направена за 2 години од профи возачи. Браниците повеќе црно од сиво имаат што ми ја имаат испоакано.

Претпоставувам за нова повеќе ќе ми биде жал така да се деси, за пандава ме заболе, ќе ја средам у Чаир и ќе ја продадам.




https://imgur.com/a/8yCMmR1

Давај понуда :)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22284
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #6101 на: 04 Мај 2026, 10:19:56 am »

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7233
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #6102 на: 11 Мај 2026, 07:33:16 am »
Треба да го продавам возилото на сестра ми во мк, а која живее во странство, па дали можи со полномошно или тешко тоа, само со купопродажен на мене најлесно?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44983
  • Il Moderatore
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #6103 на: 11 Мај 2026, 07:35:05 am »
Може со полномошно, но треба тука на македонски нотар да е заверено полномошното. Така да, сестра ти ќе треба да те опоплномошти тука во МК.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7233
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #6104 на: 11 Мај 2026, 07:56:49 am »
Тука е, не ми се веруваше дека можи ама ете, тоа ќе го направиме денес, пократка процедура е него да ја префрлам на мене, на 10 шалтери ќе треба да одам после.  :D