Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1115396 пати)

Отсутен HugoG

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5820 на: 18 Април 2025, 11:44:42 am »
Фала, да си купиш и возиш поубава!

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 345
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5821 на: 18 Април 2025, 17:05:01 pm »
Честитки, убаво возило ако си за седан. Добар квалитет на материјали во внатрешност и бензин е прав избор за било кој јапонец.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1451
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5822 на: 18 Април 2025, 17:22:29 pm »
Честитки, убаво возило ако си за седан. Добар квалитет на материјали во внатрешност и бензин е прав избор.

Те поправив малце. :)

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1444
  • Eбач на батерии :D
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5823 на: 23 Април 2025, 19:49:43 pm »
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=5344145
Го бива 2.0 бензиn моторот во пежо, или е ист како фордов што трошо уље?
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17692
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5824 на: 25 Април 2025, 09:56:20 am »
Не троши ништо, супер е моторот :)

Освен ако не го приморале да троши.

Отсутен Jovana

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5825 на: 09 Мај 2025, 10:27:54 am »
Здраво, сакам да купам audi a4 2007 2.0 бензин. Дали може да ми кажете нешто повеќе за колава и кај кој мајстор да ја однесам на проверка пред да ја купам

Sent from my SM-A057G using Tapatalk


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14422
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5826 на: 09 Мај 2025, 10:58:56 am »
Здраво, сакам да купам audi a4 2007 2.0 бензин. Дали може да ми кажете нешто повеќе за колава и кај кој мајстор да ја однесам на проверка пред да ја купам

Sent from my SM-A057G using Tapatalk



Кај нас ретко се возат, но мислам се добри мотори.

За проверка можеш во официјален сервис, можеш да се јавиш кај познати мајстори во Скопје да речеме Митревски или Др. Ауто - Саше.

Најдобро е ако имаш некој близок мајстор што ќе ти ја каже реалната состојба, оти ако продавачот се знае со овие што ги споменав па дури и во официјален сервис ако се знае, ќе ти кажуваат дека колата е супер и да си ја купиш, па после ќе испаднат проблеми.

Отсутен BUMBAR666

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5827 на: 23 Мај 2025, 11:27:01 am »
Здраво , дали може ваши искуства/совети во врска со возило АУДИ А5 2.0TDI SportBack 105KW 2013 година , продавачот вели за возилото има поминато 216000км

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17692
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5828 на: 23 Мај 2025, 15:34:32 pm »
Здраво , дали може ваши искуства/совети во врска со возило АУДИ А5 2.0TDI SportBack 105KW 2013 година , продавачот вели за возилото има поминато 216000км

Еве ти кола за која не треба да се мислиш за километража.

https://forum.carclub.mk/index.php/topic,27188.0.html
« Последно менување: 24 Мај 2025, 10:01:42 am MartinAlfista »

Отсутен BUMBAR666

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5829 на: 23 Мај 2025, 17:38:17 pm »
Здраво , дали може ваши искуства/совети во врска со возило АУДИ А5 2.0TDI SportBack 105KW 2013 година , продавачот вели за возилото има поминато 216000км

Еве ти кола за која не треба да се мислиш за километража.
У смисол дека е добра иако има шанси километрите да се вратени?😁

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7442
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5830 на: 24 Мај 2025, 02:37:56 am »
Мислам дека Мартин заборавил да пастира некој линк...

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17692
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5831 на: 24 Мај 2025, 10:02:15 am »
Мислам дека Мартин заборавил да пастира некој линк...

Точно, сеа ставен линкот, ми летнало пилето во моментот. :)

Отсутен HugoG

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5832 на: 24 Мај 2025, 20:41:30 pm »
...
« Последно менување: 25 Мај 2025, 01:07:31 am HugoG »

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 288
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5833 на: 13 Јуни 2025, 12:19:33 pm »
Како истражувам по yt, net итн, така ми се смалува изборот на кандидат(ка) за следна кола :D. Потребите се за 6-8000 км годишно (не повеќе од 10к),
претежно град и меѓуградски во МК и ете еден одмор странство еднаш годишно.
2 деца под 10 год. Моментално со Пежо 207 караван 1.6 хди 110кс. Изборот го сведувам засега на (по ранг од прв кон последен избор):

1. Aстра J хеч (1.6 атмо бензин или 1.4 турбо) - ова во DE може да се најде за околу 4-5000 еур, 2012 - 2015 год
2. Мазда 3 мк2 (1.6 атмо) - 4000-5000 еур во DE, 2010 - 2013 год
3. Голф 7 (1.2 tsi или 1.4 tsi) - 5000+ еур vo DE, 2013+ (со каиш наместо ланче)
4. Октавија со исти детали како точка 3 ама гледам поретко ги има споредено со другиве.
---------------------------------------
Генерално не сум за дизел (пак) али како дизел варијанта единствено би гледал и сакал Фокус мк3
со 1.6 или 1.5 хди (овие мислам се без AdBlue). Цените одат исто како и бензинците погоре, со тоа што за исти пари, Фокус може
да се најде и понов од 2015. И Фокус е единствена кола од сите наведени која ми се допаѓа и како караван.

Хонда не би гледал, ми е ужасно грда тие години иако знам дека се бр 1 избор за бензинци. Тојота реално би била најпрв избор
ама цената многу забегува. Се движат 8000+ за 2013та и нагоре.
Киа Ceed и Hyundai i30 се слични со цени од 2014+ ама нивниот атмо бензин е 1.4, се плашам да не ми е преслаба.

Што би одбрале според овие параметри и досегашни искуства?
« Последно менување: 13 Јуни 2025, 12:26:48 pm bobimk »

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 662
  • The best or nothing.
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5834 на: 13 Јуни 2025, 12:30:50 pm »
Размисли за голф 7 караван. Многу стегнат и добар автомобил. (за мене/според мене)
Нека каже @vlatko.klp  кои мотори се добри, бидејќи некои верзии имаа проблем со каиш/ланче.

Освен ако не ставаш плин, не ти треба атмо-мотор. Им помина времето на нив.