Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1164811 пати)

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1862
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5790 на: 15 Април 2025, 23:09:05 pm »
https://www.pazar3.mk/oglas/vozila/avtomobili/toyota/Corolla/prodazba/skopje/skopje-opstina/toyota-corolla-1-5-petrol-125ks-comfort-2021g/6869742

Еве "нова" корола од 2021 со ~85.000км за 17.500, директно од Тојота.

Јас не би со челични 15ки тркала и со толку застарен ентериер од телевизорот ЕУ Ниш и демоде сказалки на обртомер, но секако не е воопшто лош избор...

Sent from my SM-S928B using Tapatalk


Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5791 на: 15 Април 2025, 23:42:34 pm »
85000км и 2500 евра разлика од нова.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7214
  • French diamond
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5792 на: 15 Април 2025, 23:45:13 pm »
Ваква ни нова не би зел за 17, а не половна. Спора грдосија.

Отсутен mac_mk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5793 на: 16 Април 2025, 00:07:29 am »
Описот на огласот е чист криминал

Sent from my SM-S921B using Tapatalk


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5794 на: 16 Април 2025, 07:41:46 am »
Тојота со користениве во цените ептен се дрогираат, ама и во право се, има будали купуваат.

Фијат Типо се зема како королава, со 0км 2025та, само внатре помал екран ама другото скоро исто, а можи и појќе да добиеш.
Ќе му закачиш од али мултимедија и тоа е тоа, и ќе стегаш заби ко ќе те дупат дека јапонско си е јапонско.  ;D

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5795 на: 16 Април 2025, 08:19:42 am »
Во случајов е Маде ин Туркије по јапонски напатствија.

Јоши е Мехмет уствари.

А хечбекот се произведува во Британија колку што знам.

Отсутен andov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 110
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5796 на: 16 Април 2025, 10:14:17 am »
Првично таа е направена за ЕВН, а на второ место е за луѓе кои би кажале дека возат нов џип и пракрирани до стара Х5 ка ќе ги сликаат

Значи Дачиа Сандеро, како најевтино ново возило, е правена за ЕВН, а е всушност меѓу најпродавани во ЕУ.


Ај да скратиме, и јас сакам да платам поевтино. Ама не сакам половно. И тие две работи не одат заедно.


Ново си е ново. Моментално имам 36000 км поминати, да свртам уште толку па ќе ја продадам некому за да биде во ќар. Инаку не возам Дачиа и се сомневам дека некогаш би возел.

Убав податок дека е најпродавана во ЕУ во 2024, ајде сега дај ги и другите детали за останатите членови да ја имаат комплетната слика позади оваа изјава

Сега, само да го допијам пивово.

Ајде, ќе те оставам сам да си се избрукаш со муабетот ;-)

Со што поконкретно ќе се избрукам?

Со тоа дека нова кола е подобра од половна?

Читај што си пишал, читај на што сум ти одговорил и ќе сфатиш. Паметен момак си

Чек сеа, сакаш да ти вадам статистики зошто  Дачиа Сандеро е најпродавано возило во ЕУ?
Друже, кој ќе го плати тоа?

Второ, мене ме гањаш на форумов или си конфликтен по природа и општество?
 
Јас ти кажувам дека јас би купил ново возило  макар тоа било Дачиа Сандеро, би го возел 5-6 години и би го дал на друг да се радува и да биде во ќар. Можно ли е да сум појасен?

Тоа што го кажа дека е најпродавана у 2024 е точно, не го спорам, чекав да дообјасниш зошто, споредено со останатите коли во топ 5. Фер е да се знае, а не само да се каже тој податок ко некој кликбејт наслов на рандом ми портал.

Викаш дека би купил нова Дачија пред половна кола, супер, дечките од аутомотив груп се пресреќни, ама не објаснувај дека ние грешиме што не би го направиле тоа.

Ништо лично кон тебе, таква ти била среќата. Би го терал муабетов уз пиво под услов да не се убедуваме чија одлука е подобра или полоша.

Единствено нешто што ќе се сложам е за королата со 85к дека е ужасно скапа а се продава нешто ситно поевтино од нова.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3034
  • Слобода или смрт
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5797 на: 16 Април 2025, 11:21:38 am »
Најдобро е да си избереш кола според потребите. Имам пријатели со дачиа џогер иако заработуваат 4-5к евра месечно. Едноставно им врши работа гепек голем за кучето си идат со неа на излет итн итн. Не секој има потреба од старо ауди да го паркира пред кафич.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5798 на: 16 Април 2025, 16:28:48 pm »
Тоа кажува дека не секој шо заработува добра сума е паметен. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5799 на: 16 Април 2025, 17:37:17 pm »
Мече зошто така размислуваш, без разлика кој колку заработува, не мора по дифолт да купува премиум кола, ете луѓето си зацртале некој буџет за (нова) кола, им одговара колата, раат
ќе бидат некои 5-6 години од аспект на одржување, им врши работа и (не дај боже) им прави кеф можеби.

Затоа Сандерото е најпродавано во ЕУ (една од причините покрај прифатлива цена), животот не е само кола, некој сака и на убав одмор да отиде, зимување, да скитне некој викенд, да вложи дома некој денар, да штеди некој денар за факултет на малите, едноставно си определуваат буџет за кола толку и толку (колку е чергата), битно е нова и знаат дека нема да имаат заебанции во нареден период (големи сервиси, кочници, течности, делови и сл).
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5800 на: 16 Април 2025, 19:18:51 pm »
Дачиа автомобилите да се спалат, уништатат, да не постојат бидејки се синоним за сиромаштија, глупавост итн

Како ли се осмелиле да влезат во кола и да тестираат и да лажат луѓе да трошат пари на Дачиа...


Не сум љубител на Дачиа, но ниту па ми е омразен бренд.

Камо среќа во државава да имавме производ како Дачиа, или па среќна околност да не пукне срам...

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3034
  • Слобода или смрт
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5801 на: 16 Април 2025, 19:43:27 pm »
Камо среќа да имавме и производ како панда во србија каде за 13к евра земаш електрично возило за низ град.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5802 на: 16 Април 2025, 19:47:23 pm »
Дачиа автомобилите да се спалат, уништатат, да не постојат бидејки се синоним за сиромаштија, глупавост итн

Како ли се осмелиле да влезат во кола и да тестираат и да лажат луѓе да трошат пари на Дачиа...


Не сум љубител на Дачиа, но ниту па ми е омразен бренд.

Камо среќа во државава да имавме производ како Дачиа, или па среќна околност да не пукне срам...


Еден Jogger како би ми легнал...

Само да не беше троцилиндраш ЕДИНСТВЕН мотор во понуда...

Бар 1.5 бензинец некој...

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5803 на: 16 Април 2025, 21:58:02 pm »
Дачиа автомобилите да се спалат, уништатат, да не постојат бидејки се синоним за сиромаштија, глупавост итн

Како ли се осмелиле да влезат во кола и да тестираат и да лажат луѓе да трошат пари на Дачиа...


Не сум љубител на Дачиа, но ниту па ми е омразен бренд.

Камо среќа во државава да имавме производ како Дачиа, или па среќна околност да не пукне срам...


Еден Jogger како би ми легнал...

Само да не беше троцилиндраш ЕДИНСТВЕН мотор во понуда...

Бар 1.5 бензинец некој...

Другар има Клио 2021ва со 1.0 со 90 или 91кс небитно. Засега е задоволен. Се возев во колата, тегне прифатливо, е сеа како е за издржливост време ќе каже. Ваљда до 150к км ќе изгура.

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1723
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5804 на: 16 Април 2025, 22:54:58 pm »
2023 на Мајорка имав како рент-а-кар Голф 7ица со 1.0 ТСИ со 115 коњи. Изгледа имаме различни дефиниции за "прифатливо влечење" пошто со 3ца во кола на угорница повисоко од втора не можеше да се стави.