Се е до времето, т.е. до возраста на возачите. Обично помладите си сакаат по фенси премиум возило што им прави ќеф и си го гледаат возилото како очи. Сакаат да имаат луксуз и тоа е во ред затоа што на 25-30 години не се вози нова Дачиа Логан или Фиат Типо. Си сака возење со друштво, излегувања и слично.
Кога веќе човек ставува постар (освен во период на криза на средни години), колата за гледа како превозно средство и ништо повеќе, т.е. машина да се одвезе од точка А до точка Б и тогаш бара возило кое ќе биде поново (нема да се квари толку) и нема да му е битно како изгледа или што опрема има.
Се разбира ова е некое генерално правило и искучоци секогаш постојат.
Така да не е се така црно-бело како што сакате да прикажувате.
Еве јас сакав ново возило да купам, ама за 4 опционални работи што ги сакав требаше да купам 4 пакети на опрема во кои освен работите што ги сакав се друго беше исто, т.е. требаше три опционални работи да ги платам х4 што е надвор од секоја памет. Не можело посебно да се нарачаат опциите. Ова е мој личен пример со Порше и шкода. На крај излезе дека треба да дадам 29к за Камик и да нема предни паркинг сензори. Едноставно срце не ми даде да го платам.
Така да секогаш постојат +/- во нова и поволна кола.