Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1165349 пати)

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 355
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5670 на: 11 Април 2025, 14:02:21 pm »
Се е до времето, т.е. до возраста на возачите. Обично помладите си сакаат по фенси премиум возило што им прави ќеф и си го гледаат возилото како очи. Сакаат да имаат луксуз и тоа е во ред затоа што на 25-30 години не се вози нова Дачиа Логан или Фиат Типо. Си сака возење со друштво, излегувања и слично.

Кога веќе човек ставува постар (освен во период на криза на средни години), колата за гледа како превозно средство и ништо повеќе, т.е. машина да се одвезе од точка А до точка Б и тогаш бара возило кое ќе биде поново (нема да се квари толку) и нема да му е битно како изгледа или што опрема има.

Се разбира ова е некое генерално правило и искучоци секогаш постојат.

Така да не е се така црно-бело како што сакате да прикажувате.

Еве јас сакав ново возило да купам, ама за 4 опционални работи што ги сакав требаше да купам 4 пакети на опрема во кои освен работите што ги сакав се друго беше исто, т.е. требаше три опционални работи да ги платам х4 што е надвор од секоја памет. Не можело посебно да се нарачаат опциите. Ова е мој личен пример со Порше и шкода. На крај излезе дека треба да дадам 29к за Камик и да нема предни паркинг сензори. Едноставно срце не ми даде да го платам.

Така да секогаш постојат +/- во нова и поволна кола.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5671 на: 11 Април 2025, 14:14:43 pm »

Не викам не. Има и во тоа логика. Има половни коли со по 30-50 илјади км поминати кои се во одлична состојба и нема што да се замери околу нив.

Муабетот е повеќе во контекст на таа некоја граница од 15 до 20 илјади евра и што највеќе се исплати да се купи.

Отсутен HugoG

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5672 на: 11 Април 2025, 14:21:09 pm »
Значи од 20 Нотари кои сум ги прашал, ама ниту еден не проверува заложеност на возило!

Сите викаат: Сами проверете си!

Ќе лупнат печат и не е нивен проблем понатаму.
« Последно менување: 11 Април 2025, 14:28:24 pm HugoG »

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5673 на: 11 Април 2025, 14:33:41 pm »
Како и се у животот друже. Ако сам не отвориш очи, друг ќе ти ги отвори.

Отсутен HugoG

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5674 на: 11 Април 2025, 14:49:50 pm »
Како и се у животот друже. Ако сам не отвориш очи, друг ќе ти ги отвори.

Е не се сложувам. Јас зошто одам на Нотар? Како може Нотар  да потпише купопродажен договор за заложена кола а притоа да не сноси одговорност за тоа?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5675 на: 11 Април 2025, 14:56:25 pm »
Ене го кумашинчето убаво воспитан дека чергата му е колку ново МГ, нема што нема, ново, си се дружи со друштво наместо да дреме по сервиси поради ситни/крупни дефекти на премиум од премиумот.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 355
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5676 на: 11 Април 2025, 15:25:35 pm »
За вкус не се дебатира. Има и мобилни од 200 евра што ќе ти врши работа како тој од 2000, ама рака сечам дека 90% од форумот има IPhone или премиум Самсунг.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7214
  • French diamond
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5677 на: 11 Април 2025, 15:26:12 pm »
Де бе Хуго, како прв да си што купува половно возило,  не се притресвај толку за џабе, ако си бендисал нешто оди купи го и вози. Ќе те заебеле, секако.

Отсутен HugoG

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5678 на: 11 Април 2025, 15:28:58 pm »
Де бе Хуго, како прв да си што купува половно возило,  не се притресвај толку за џабе, ако си бендисал нешто оди купи го и вози. Ќе те заебеле, секако.

Не зборам за мене, чисто правам муабет за бирократијата во оваа држава. Процедури и закони еден куп а пак може да те заебат. Во секој случај да купувам ќе прифатам само нотар кој ќе ми гарантира дека колата е чиста, или сам ќе си проверам

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 355
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5679 на: 11 Април 2025, 15:29:50 pm »
@HugoG

https://www.crm.com.mk/mk/uslugi/dobijam-potvrda-ili-informatsija/potvrdi-za-zalog-lizing-i-drugi-pobaruvanja/informatsija-za-zalozheno-sredstvo-dolzhnik-sopstvenik-ili-delovoden-broj?idV=9329

Еве ти линк за 10 мин, ќе си провериш за некој ситен износ и ќе бидеш мирен. Значи се електронски без одење по шалтери и слично.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7214
  • French diamond
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5680 на: 11 Април 2025, 15:33:30 pm »
А кај неможи да те заебат ? Секаде можат да те заебат, затоа постојат судови и полиција.

Отсутен HugoG

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5681 на: 11 Април 2025, 16:00:12 pm »
@HugoG

https://www.crm.com.mk/mk/uslugi/dobijam-potvrda-ili-informatsija/potvrdi-za-zalog-lizing-i-drugi-pobaruvanja/informatsija-za-zalozheno-sredstvo-dolzhnik-sopstvenik-ili-delovoden-broj?idV=9329

Еве ти линк за 10 мин, ќе си провериш за некој ситен износ и ќе бидеш мирен. Значи се електронски без одење по шалтери и слично.

Е ова ми се допаѓа. Во секој случај вакво нешто треба да е задолжително за Нотарите.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 608
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5682 на: 11 Април 2025, 16:24:14 pm »
Јас колку што знам, нотарот заверува потпис, односно потврдува дека потписот на договорот го ставил навистина ХХХХХ како продавач и ХХХХХ како купувач.

Тоа што сте го пишале вие во договорот тој не е должен да го гарантира дека е така.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5683 на: 11 Април 2025, 16:48:32 pm »
Мислам дека за продажби со вредност од над 10к еу,  договорот мора да е составен од адвокат со потврда од адвокат. Пожелно е да се практикува ова за се, не само за над 10к еу.

Ќе си платиш консултација со адвокат 50-100 евра и ќе ти ги предочи сите негативности.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 355
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5684 на: 11 Април 2025, 17:37:42 pm »
И над 10.000 евра се сведува само да платиш печат од адвокат 1.000 денари. Дури и тој да го прави сите членови се базираат на изјави од двете страни, односно ќе ти напише дека продавачот изјавува дека врз возилото нема товари како залог и други побарувања од трети лица. Но, како што сфатив проблем е што ако продавачот излаже. Оттука секој што се сомнева може сам да си провери на линкот погоре.