Фордот даден погоре воопшто не е лошо возило. Веќе со едно професионално полирање и добро хемиско ќе изгледа многу подобро отколку на сликите погоре. Цената е само почетна, сигурно ќе оди неколку илјади над тоа.
Дури и некој браник да се корегира не е ништо страшно, скоро секоја кола има корегирано браник.
Од друга страна треба да се земат и трошоците кои нашето државиче ги наплаќа за увоз. Значи имаш трошок за документација, за транспорт, царина, ДДВ, шпедиција, за хемиско на возилата и секако мора да има барем 2.000 профит. Да не заборавиме дека и ќе мора да се подмачка некаде за полесно да иде работата.
Така да не е дека се прават 10.000 евра профит од возило.
Возилото има 105.000 поминато (тука ќе речат 300 па враќани), возено од еден сопственик и најверојатно подобар избор од тоа да купиш сам од Германија кое може сменило 3 сопственици и немаш никаква независна инспекција при купување.
Не сум ниту прекупец ниту увезувам возила ама сметам дека фамата која се прави околу овие возила е преголема и нема никаква причина за тоа.
Сите знаеме дека најдобро е возило од салон, ама немаат сите услови за тоа. Макар што со новите возила и цени не знам и тоа колку е добро.