Здраво момци. Мислење за Цитроен Ц4 Пикасо (2013-2014 година) со 1.6 мотор? Некој искуство со таа кола? Предности/маани? Прво бев загреан и за Пежо 3008 со слична година, меѓутоа ова ентериерно ми изгледа поинтересно.
Моите го има претходниот модел. Го утепаа од возење. На -20 во зима палеше.
Новиот модел споредбено со стариот, нажалост има низа на негативности.
Најголема негативност е помалиот простор, немање многу простор напред за оставање на работи. Послабо светло напред.
Би рекол еден чекор назад.
Кај C4 picasso 2007-2013 е многу лесно. Треба да се избегнува модел со автоматски менувач.
Ако не ти смета мануел менувач. тогаш нема да згрешиш.
Совет гледај од овој модел само понова година. Ако најдеш нешто 2010-2012 година а да е малку возено. Земај слободно.
Рено Сеник и Форд с-макс избегни ги. Не се за фамилијарни возила. Eдното е промашено возило со еден куп електроника, второто е ок. Ама ако се расипе, знае
Vw Touran се многу извозени и поголема шанса е да најдеш игла во сено, отколку саглам возило со мала километража.
Така да останува C4 Picasso. Aко сакаш сигурно и проверено возило, кое има мали трошоци и не ти смета мануел менувач.
Тука затвори ја потрагата.
Доколку мора да биде аутоматик, тогаш оди на новиот модел.
Се разбира без јастуци ( ако воопшто има) .