Воедно и купецот е прематар, а тоа детското седиште гарант му е ставено за да лажи око демек домаќин чоек

Пиши Avto Beli Bt na фб и ќе ти излезат сите негови огласи.
Што е прематар?
Туку, нели нашиот Нестор, се изгоре од некој Иван Бели. За истиот човек се работи?
Браво за забелешката. Тој е истиот човек, на вибер е мислам Бт Бт потпишан и ако го напишеш неговиот број на Фејсбук (нормслно ако си член на групите купи/продај) ќе видиш колку лажни профили има и од колку профили се пуштени истите огласи. Во "разговор" со него ми рече дека не му било гајле оти е измамник ако имало глупи луѓе како мене кои веруваат на неговите лаги. Немам збор до каде замина/вме со лаги, кражби, превари...
Ако некој планира да зема од тој човек кола до 3000€(најчесто такви продава) ако ви е мил животот(лепено, сечено, китирано, отпорници наместо ербези) и заработените пари(поправки на крпеното) не земајте кола од тој човек. Доколку некој размислува поинаку од мене и мисли дека грешам слободно нека ми пише, па ќе дискутираме.
Воедно пред некој ден бев повикан за исклучување на егр, проверка на реална километража и исклучување на ербези (ставање отпорници) при што не се нафатив освен за проверката на сензорите и километражата.
Човекот колите ги носи од Словенија најчесто и ги купува од приватни лица, но корсата која ја видов тој сам ја имаше фарбано, па ја полирал и најверојатно била чукната(од левата страна измеѓу шоферската и задната врата може прст да ставиш слободно, додека на другата страна растојанието измеѓу вратите беше нормално, нечепнато). Отворајте очи, можам само VIN бројчиња(најчесто ги сликам броевите на тие дефектни возила) да ви пуштам од коли фарбани, чукани, со извадена ламбичка за чек енџин(и тоа го има, со електроника поврзано ламбичето да свети само при контакт, наместо да е поврзано со сензорите), а имиња не сакам да посочувам после проблемите и заканите кои ги добивам. Ако имате некоја кола "на мерак" од Прилеп и ако имам работено на неа би искоментирал во приватна порака.
Еве еден ВИН:
https://avtolog.si/search/W0L0SDL6894003974/