Ми треба помош околу купување половен автомобил, да не отварам нова тема овде ќе пишам.
Во игра се повеќе возила, во прв план се Honda Civic 8gen. 1.8 Хечбек (англичанецот) и Mitsubishi Lancer 1.5 Sportback а во втор план Audi A3 TDI и Mazda 3 1.6 бензин.
Овие последните две се како дополнителен избор.
Прашањето мие повеќе за првите две. Сакам да го земам Лансерот, но со оглед на тоа шо повеќе нее во продажба во ЕУ аи Мицубиши е пред напуштање на ЕУ и нее толку застапен бренд кај нас, ме кочи сервисирањето т.е набавката на делови и нивната цена, бидеќи со маздава едвај се снајдувам и околу тоа имам лошо искуство. Ги исконтактирав неколку членови на форумов што ја имале колава, повеќето ми рекоја нешто има и повеќето нема кај нас и да има немаш избор за поскапо/ефтино.
За разлика од Сивикот кој е произведен во европа и се уште излегуваат нови генерации и повеќе е возен и кај нас. Потребен мие совет само околу ова, набавката на делови и недај боже каросериски делови за овие две возила, Сивикот и Лансерот.
Да додадам и тоа што не сум од Скопје, па во другиве градови се случило и штраф да нема за маздава, сите продавачи уште не влезен одма прашуваат за кој голф, мерцедес и бла бла ми требаат делови..