Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1166567 пати)

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 379
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3930 на: 03 Јуни 2021, 09:53:14 am »
Ми треба помош околу купување половен автомобил, да не отварам нова тема овде ќе пишам.

Во игра се повеќе возила, во прв план се Honda Civic 8gen. 1.8 Хечбек (англичанецот) и Mitsubishi Lancer 1.5 Sportback а во втор план Audi A3 TDI и Mazda 3 1.6 бензин.
Овие последните две се како дополнителен избор.

Прашањето мие повеќе за првите две. Сакам да го земам Лансерот, но со оглед на тоа шо повеќе нее во продажба во ЕУ аи Мицубиши е пред напуштање на ЕУ и нее толку застапен бренд кај нас, ме кочи сервисирањето т.е набавката на делови и нивната цена, бидеќи со маздава едвај се снајдувам и околу тоа имам лошо искуство. Ги исконтактирав неколку членови на форумов што ја имале колава, повеќето ми рекоја нешто има и повеќето нема кај нас и да има немаш избор за поскапо/ефтино.

За разлика од Сивикот кој е произведен во европа и се уште излегуваат нови генерации и повеќе е возен и кај нас. Потребен мие совет само околу ова, набавката на делови и недај боже каросериски делови за овие две возила, Сивикот и Лансерот.
Да додадам и тоа што не сум од Скопје, па во другиве градови се случило и штраф да нема за маздава, сите продавачи уште не влезен одма прашуваат за кој голф, мерцедес и бла бла ми требаат делови..

« Последно менување: 03 Јуни 2021, 10:00:00 am was »

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3931 на: 03 Јуни 2021, 10:00:29 am »
Од споменатите јас би одел на Civic.
На секој чекор ги има. Доста продаван модел е тој.
Моторот исто така го има во многу други модели на хонда кои се доста чести кај нас.
Ма да, моторот не те интересира, затоа што е доста добро покажан.

Гледај само да купиш што е можно понов ( 2009 - 2010) и со помалку километри.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14706
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3932 на: 03 Јуни 2021, 10:06:20 am »
Honda Civic 1.8 немаш утка. Само тешко се наоѓаат кај нас оти сите што ги увезоа се 2.2 дизел.


Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1305
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3933 на: 03 Јуни 2021, 11:52:35 am »
Сивик, Лансерот никако

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3934 на: 03 Јуни 2021, 12:59:20 pm »
И мене Сивик-от ми е подобра опција, само тешко да најдеш да се продава кај нас, мислам пред се за неувезена кола со 1,8 бензин, а и да има нешто на продажба ретко кој сменил ланче (продаваат приказна дека за тој мотор нема голем сервис), тие што возат на плин ретко кој става капалка за вентилите, па мора да се внимава на овие работи како додатни трошоци на вкупната цена. Сепак ова потпаѓа под редовно одржување, така и да ги имаш овие трошоци не е нешто страшно, само прво да најдеш сочувана и одржувана кола.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3935 на: 03 Јуни 2021, 13:09:18 pm »
Ми треба помош околу купување половен автомобил, да не отварам нова тема овде ќе пишам.

Во игра се повеќе возила, во прв план се Honda Civic 8gen. 1.8 Хечбек (англичанецот) и Mitsubishi Lancer 1.5 Sportback а во втор план Audi A3 TDI и Mazda 3 1.6 бензин.
Овие последните две се како дополнителен избор.

Прашањето мие повеќе за првите две. Сакам да го земам Лансерот, но со оглед на тоа шо повеќе нее во продажба во ЕУ аи Мицубиши е пред напуштање на ЕУ и нее толку застапен бренд кај нас, ме кочи сервисирањето т.е набавката на делови и нивната цена, бидеќи со маздава едвај се снајдувам и околу тоа имам лошо искуство. Ги исконтактирав неколку членови на форумов што ја имале колава, повеќето ми рекоја нешто има и повеќето нема кај нас и да има немаш избор за поскапо/ефтино.

За разлика од Сивикот кој е произведен во европа и се уште излегуваат нови генерации и повеќе е возен и кај нас. Потребен мие совет само околу ова, набавката на делови и недај боже каросериски делови за овие две возила, Сивикот и Лансерот.
Да додадам и тоа што не сум од Скопје, па во другиве градови се случило и штраф да нема за маздава, сите продавачи уште не влезен одма прашуваат за кој голф, мерцедес и бла бла ми требаат делови..



A3 или Цивикот, другиве се лименки не ги мисли.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3936 на: 03 Јуни 2021, 21:27:57 pm »
А Цивикот не е лименка? :D
Лоша звучна изолација и тврд многу барем за мој вкус, ја би А3.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7217
  • French diamond
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3937 на: 04 Јуни 2021, 01:18:03 am »
A3 внатре е како фичо, многу глуп и едноставен дизајн на шалтаблата  :)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3938 на: 04 Јуни 2021, 01:31:43 am »
Ај-дееее...

А3 = Фичо...

Мора да мењаме ракиите ја и ти.
Tвојта е јако боља, очигледно :)
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3939 на: 04 Јуни 2021, 08:42:25 am »
Може А3 не е како Фиќо, ама и јас сум малко разочаран од изгледот на шалтабла, на Голф 5 ми е поубава, освен боите на лед сијаличките на брзинометарот, бело-црвеена комбинација е поубава од плаво-црвената која бодеше очи
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3940 на: 05 Јуни 2021, 15:34:01 pm »
И мене Сивик-от ми е подобра опција, само тешко да најдеш да се продава кај нас, мислам пред се за неувезена кола со 1,8 бензин, а и да има нешто на продажба ретко кој сменил ланче (продаваат приказна дека за тој мотор нема голем сервис), тие што возат на плин ретко кој става капалка за вентилите, па мора да се внимава на овие работи како додатни трошоци на вкупната цена. Сепак ова потпаѓа под редовно одржување, така и да ги имаш овие трошоци не е нешто страшно, само прво да најдеш сочувана и одржувана кола.
Немора капалка за тој мотор. Треба редовна проверка/штелување на вентили и при големи оптоварувања може да се пушти и бензин да вбризгува и тоа е тоа

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3941 на: 08 Јуни 2021, 20:04:12 pm »
Дали со Короната и наводна општа несташица на производи, па и автомобили, има зголемено побарување за стари автомобили , се јавуваат луѓе на огласи и за 27години стари автомобили, зборуваме за регистрирани, во возна состојба, не за растурање и отпад  ???

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3942 на: 08 Јуни 2021, 20:13:24 pm »
А Цивикот не е лименка? :D
Лоша звучна изолација и тврд многу барем за мој вкус, ја би А3.

Не сум влегол во Цивик затоа не го искоментирав.

Дали со Короната и наводна општа несташица на производи, па и автомобили, има зголемено побарување за стари автомобили , се јавуваат луѓе на огласи и за 27години стари автомобили, зборуваме за регистрирани, во возна состојба, не за растурање и отпад  ???

Увозот не е прекинат.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14706
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3943 на: 09 Јуни 2021, 09:16:20 am »
Дали со Короната и наводна општа несташица на производи, па и автомобили, има зголемено побарување за стари автомобили , се јавуваат луѓе на огласи и за 27години стари автомобили, зборуваме за регистрирани, во возна состојба, не за растурање и отпад  ???

Увозот на половни возила е полош од пред 2011.
Ги кренаа цените на половњаците.
Hyundai i20x како и да се викаше, ми го продаваа 7500 евра, 10 години стара со "170000" км на плин.
Вчера една А класа гледав за другарка
Искинати седишта, наслоњачи, испукана пластика по цела кола, удирана од десна страна, внатре три прсти улепена прашина, нерегистрирана, набиен браник, мртов акумулатор, 4000 факин евра од 2006 година. Моторот не сакаше да запали.

Нема врска короната, бапнаа давачки, продавачите лакоми за брз профит, сето тоа доведе до ова.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3944 на: 09 Јуни 2021, 09:50:21 am »
Дали со Короната и наводна општа несташица на производи, па и автомобили, има зголемено побарување за стари автомобили , се јавуваат луѓе на огласи и за 27години стари автомобили, зборуваме за регистрирани, во возна состојба, не за растурање и отпад  ???

Увозот на половни возила е полош од пред 2011.
Ги кренаа цените на половњаците.
Hyundai i20x како и да се викаше, ми го продаваа 7500 евра, 10 години стара со "170000" км на плин.
Вчера една А класа гледав за другарка
Искинати седишта, наслоњачи, испукана пластика по цела кола, удирана од десна страна, внатре три прсти улепена прашина, нерегистрирана, набиен браник, мртов акумулатор, 4000 факин евра од 2006 година. Моторот не сакаше да запали.

Нема врска короната, бапнаа давачки, продавачите лакоми за брз профит, сето тоа доведе до ова.
И се поупорната ориентација кон половни возила.

Нови возила од А и Б сегмент се раритет на улициве.