Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1336970 пати)

Отсутен goranoh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 113
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3330 на: 25 Март 2020, 16:23:12 pm »
Возел некој 1.6 HDi, 109hp на 207 да кажи предности и недостатоци како на мотор така и општо за количето?

јас имав 207 1.4 бензин плин комбинација, поминав 100 000 км со него, од дефекти имав прегорена пумпа за гориво поради плинот и термостат ми пукна еднаш па ме остави на пат, друго ништо, само редовни сервиси. Јас добро поминав, за парите супер количе, го убив од возење по секаков терен, странство низ град.. буквално секаде и немав проблеми. Го купив од прв газда купено во мк со 70к поминати, го оставив дома на моите со 170к поминати. Кога купував го одбрав бензинецов заради цената, во тоа време дизелот ми беше скап.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8347
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3331 на: 28 Март 2020, 21:19:25 pm »
Бензин не е ХДИ.

Отсутен goranoh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 113
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3332 на: 30 Март 2020, 15:44:54 pm »
Бензин не е ХДИ.

Знам, затоа пишав поопширно како сум поминал со возилото, сепак 207 е 207, не пишав за  bmw 530.

Отсутен Amy87

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 37
  • Инженер-ка
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3333 на: 15 Април 2020, 01:44:51 am »
Веќе подолго време сакам да го заменам сегашниов автомобил со понов, половен секако. Периодов се стави на пауза, па и потребата/купување возило. Сепак, јас активно разгледувам огласи, carwow и carbyer рецензии итн. Имам фиат пунто 2002 годиште, купено од мк газда во 2011. Работи одлично, изгледа одлично, буквално ништо не му фали. Но, некако му го истерав меракот... Татко ми има ford c max od 2006. Првично 100% знаев дека ќе земам vw polo од 2012/2013, но c-maxов некако возејќи го го засакав ептен - чувството на педалите, како вози низ град/на отворено, волуменот на возилото, високо поставените седишта, а и естетски (знам, тоа е субјективно). Верзијата 2012 најмногу ми се допаѓа, на поновите фордови грилот воопшто не ми се допаѓа, како риба со заби ми е :D (не сум по спортски изглед, повеќе по MPV-SUV, Што би рекла „буцкасти автомобили сакам“). Знам дека од supermini како што е полото, до MPV како c-max има голема разлика, не се ни во иста категорија, но ме интересираат pros and cons за двеве возила. Би дала до 6000 евра максимум (со надеж дека пунтово може за 1к да го дадам). Инаку како опција гледам само VW, Ford, Opel и Fiat. Еххх сакав Mercedes B class од 2010, ама ме предомислија.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2816
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3334 на: 15 Април 2020, 10:47:55 am »
За која намена би било возилото, претежно за во град или отворено, кола за фамилијарни потреби или за лично возење, бензин (со опција плин) или дизел...овие дилеми и јас ги имав кога вагав и се случи од Гранде Пунто да преминам на Рено Сеник, во секој случај ми требаше фамилијарна кола....Грандето ми беше топ, посебно за по Скопје и искрено се надевав дека сопругата ќе почне да го вози и можеби немаше да го продадам, затоа што сигурен сум дека ептен ќе го засакаше. Претежно возам градска, со повремени екскурзии во внатрешноста на земјата и еднаш годишно одмор надвор од МК, во Грција. Успеавме и со Грандето да се собереме за на одмор. Заради икс причини морав да одам на некоја поефтина варијанта (уште не сум сигурен дали го направив вистинскиот избор), требаше да се вложи нешто во Грандето но парите ми требаа за друго и земав ценовно поефтино возило, Рено Сеник. Сеникот има убава вожња, како што спомна високо поставени седишта, многу простор на задната клупа каде најчесто се сопругата со детето, огромен багажен простор. Не е најпрактична за во метеж, паркирање, тргни застани, а и сопругата не планира да ја вози заради овие причини, а од друга страна многу ја бендиса колата и не сака да помисли да ја менуваме, пред се заради комфорот позади и багажникот. На отворено е поголемо уживање да се вози Сеникот отколку Грандето, а и лани на одмор нема што не понесовме во Сеникот. Сеникот е малку поскап за одржување (регистрација, сервис и поправки), со потрошувачка тука беа негде. Работата е што Грандето беше со дупло помала километража и помладо изгледаше, имаше доста за возење. Тоа се некои мои размислувања.
Своерачен потпис ;)

Отсутен Amy87

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 37
  • Инженер-ка
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3335 на: 15 Април 2020, 19:48:46 pm »
@Filip MK
Сама сум, ми треба колата за мене лично. Најмногу возам низ град, до работа и дома. Не патувам многу низ земјата, но сакам да почнам. Преферирам бензинец, 1.2, 1.4 до кај 1.6, плин никако, дизел е ок, ако мора.
Не е до потребата од волумен толку, колку до меракот. А за регистрација знам, пунтото за 4500 го регистрирам, ц максот скоро 10к...

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6039
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3336 на: 15 Април 2020, 20:16:14 pm »
@Filip MK
Сама сум, ми треба колата за мене лично. Најмногу возам низ град, до работа и дома. Не патувам многу низ земјата, но сакам да почнам. Преферирам бензинец, 1.2, 1.4 до кај 1.6, плин никако, дизел е ок, ако мора.
Не е до потребата од волумен толку, колку до меракот. А за регистрација знам, пунтото за 4500 го регистрирам, ц максот скоро 10к...
Буџет?

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Amy87

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 37
  • Инженер-ка
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3337 на: 15 Април 2020, 21:03:08 pm »
@riki_staff
Би дала до 6000 евра максимум (со надеж дека пунтото може за 1к да го дадам)

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1928
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3338 на: 15 Април 2020, 21:40:54 pm »
@Filip MK
Сама сум, ми треба колата за мене лично. Најмногу возам низ град, до работа и дома. Не патувам многу низ земјата, но сакам да почнам. Преферирам бензинец, 1.2, 1.4 до кај 1.6, плин никако, дизел е ок, ако мора.
Не е до потребата од волумен толку, колку до меракот. А за регистрација знам, пунтото за 4500 го регистрирам, ц максот скоро 10к...

Зошто избегнуваш плин, многу поевтино е возењето, особено ако ставиш на едноставен инџекшн мотор.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3339 на: 15 Април 2020, 21:54:12 pm »
Немаат сите потреба поевтино да им биде возењето :)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6039
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3340 на: 15 Април 2020, 22:47:52 pm »
@riki_staff
Би дала до 6000 евра максимум (со надеж дека пунтото може за 1к да го дадам)
Поновата генерација на дизели се некој 80% со ДПФ филтери шо мислам дека за женско тоа малку е проблематично,исто носат и скапи сетови квачила,од дизел можеш да гледаш гранде пунто 1.3 мултиџет 55kw,форд фиеста 1.4тдци,голф 5,поло,ако си спремна да ризикуваш за дизел со ДПФ филтер тогаш имаш многу повеќе избор,бензинец миниум 1.4
Еве предлог за бензинец https://reklama5.mk/AdDetails?ad=3564533
« Последно менување: 15 Април 2020, 23:17:41 pm riki_staff »

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3867
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3341 на: 16 Април 2020, 09:46:20 am »
Јас би одел на Турбо Бензин, 1.0 ecoboost, 1.6 ecoboost, 1.4tb Џулиета.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3342 на: 16 Април 2020, 09:59:39 am »
Многу тешко такво нешто за 6000еур.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6039
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3343 на: 16 Април 2020, 10:01:06 am »
Речиси невозможно 😁

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1928
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3344 на: 16 Април 2020, 10:24:24 am »
Немаат сите потреба поевтино да им биде возењето :)

Ах, штом некој има тесен буџет за половно возило, сигурно планира да уштеди на потрошња. Зборот ми беше да не и е страв од плин, порано знам многу луѓе се плашеа од плинот и купуваа дизели сметајќи дека ќе им испадне поевтино.