Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1016186 пати)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3000 на: 24 Август 2019, 20:31:27 pm »
Ми треба мислење за фиат мотор 1.4 т-јет турбо со 120кс, како се покажани, со потрошувачка како се, трошоци за сервисирање околу истиот и дали би бил подобар избор тој мотор или дизел 1.6 со 120кс или 1.9 исто со 120кс?

И конкретно ме интересира за Фиат Браво втора генерација од 2008 општо како возила како се покажани и што треба да се гледа при купување?

Однапред големо благодарам.  :D

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5827
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3001 на: 24 Август 2019, 20:36:25 pm »
Моторите се добри,колите не ги бива,земи си пасат Б6 2.0 тди 8v.

Sent from my Redmi Note 5A Prime using Tapatalk


Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3002 на: 24 Август 2019, 20:42:52 pm »
Ми треба мала ергенска кола, не ми треба брод, имам веќе таква во двор.  :D

Причини зошто не ги бива колите?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3003 на: 24 Август 2019, 20:44:39 pm »
Тенеќии :D

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5827
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3004 на: 24 Август 2019, 20:46:05 pm »
Па земи голф 5,сите 3 се тука со цени.

Sent from my Redmi Note 5A Prime using Tapatalk


Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3005 на: 24 Август 2019, 20:56:33 pm »
Ми треба мала ергенска кола, не ми треба брод, имам веќе таква во двор.  :D

Причини зошто не ги бива колите?
Под ергенска кола подразбираш хеџбек?

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5827
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3006 на: 24 Август 2019, 21:00:33 pm »
Така некако.

Sent from my Redmi Note 5A Prime using Tapatalk


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3007 на: 24 Август 2019, 21:00:39 pm »
ХеЧбек. :)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3008 на: 24 Август 2019, 21:02:10 pm »
Да, класата на голф, форд фокус, сеат леон и слични.

Голф 5 не сакам, моделска е од 2004 и неможам да ја сварам, во секој втор двор има паркирано по една ако не и по две.   ;D

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4969
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3009 на: 24 Август 2019, 21:03:28 pm »
Ми треба мислење за фиат мотор 1.4 т-јет турбо со 120кс, како се покажани, со потрошувачка како се, трошоци за сервисирање околу истиот и дали би бил подобар избор тој мотор или дизел 1.6 со 120кс или 1.9 исто со 120кс?

И конкретно ме интересира за Фиат Браво втора генерација од 2008 општо како возила како се покажани и што треба да се гледа при купување?

Однапред големо благодарам.  :D
Кое браво го гледаше? За земање јас ги видов сите на оглас што ги имаше до пред недела дена.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5827
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3010 на: 24 Август 2019, 21:05:54 pm »
Купи си Опел Мерива од 2006 нагоре.

Sent from my Redmi Note 5A Prime using Tapatalk


Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3011 на: 24 Август 2019, 21:13:25 pm »
Ми треба мислење за фиат мотор 1.4 т-јет турбо со 120кс, како се покажани, со потрошувачка како се, трошоци за сервисирање околу истиот и дали би бил подобар избор тој мотор или дизел 1.6 со 120кс или 1.9 исто со 120кс?

И конкретно ме интересира за Фиат Браво втора генерација од 2008 општо како возила како се покажани и што треба да се гледа при купување?

Однапред големо благодарам.  :D
Кое браво го гледаше? За земање јас ги видов сите на оглас што ги имаше до пред недела дена.

Еве кои ги гледав, проследени со линкови од огласите:

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3295590 - нема климатроник.

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3221146 - нема климатроник.

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3206113 - издуван мотор и нема климатроник.

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3283968 - доста извозена и во лоша состојба и исто нема климатроник.

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3287319 - на бугарски цол табли и има поминато 270.000км.

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3304449 - за делови или за на преса.

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3318537 - исто за на преса.

Оваа ми фати око и сакав да ја земам ама бев касно веќе и се брзав за на работа, и не се погодивме за цена.
Му ја барале 5 души и за 50е изгуби да ја продаде колата, арогантен тип младо дете, така ќе му стои.  :D
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3349729
Пишува дека е 2009, а уствари е 2008, треба регистрација истечена е, сервис и мал и голем, воопшто немал сменето ребраст каиш.
А пишува сите потрошни материјали се сменети.

Следно сакам да ги видам овие две:

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3322516
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3027920

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5827
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3012 на: 24 Август 2019, 21:18:22 pm »
Врати се и земи го виновото браво,не се циганчи за 50€ ако ти фаќа око.

Sent from my Redmi Note 5A Prime using Tapatalk


Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3013 на: 24 Август 2019, 21:23:52 pm »
Ќе го барам пак, ако не е продадена ќе одам од сабајле и на сервис некој да ја проверам, од доле каква е.
Планирам да ја земам таа.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5827
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3014 на: 24 Август 2019, 21:26:53 pm »
А на овие последните по колку и барат? Се имаш слушнато?
Иначе се со повеќе опрема но се увезени.
Друго предност е шо имаат плин.

Sent from my Redmi Note 5A Prime using Tapatalk