Јас се изненадив (позитивно) за просторот и комфорот што го нуди ако се има предвид дека е Б сегмент (во класа на Поло, Клио), посебно на задната клупа, има солиден гепек, истерав и еден одмор до Грција со семејството. Имајќи во предвид дека претходно имав Голф 5, многу полесно од очекувањата се навикнав на Грандето. Секако, ако зафали простор останува да се стави кровен багажник. Препорака, да се бара со повисоко ниво на опрема. Она што е проблем е фактот што се многу ретки на пазарот, посебно сочуван и здрав модел.