Поздрав момци.
Имам едно другарче кое е заинтересирано за купување на ПМВ (патничко моторно возило) и тоа се фатил како слеп за стап за BMW E60 530D. Јас со BMW немам никаов контакт, ниту пак некакво познавање или предзнаење, и не можам никако да му помогнам. Да беше нешто од брендот Zastava, Peugeot, Chevrolet, па ајде некако, ама со овие сум дус дибидус.
Дали некој би бил љубезен да сподели искуства со овие возила, поточно со оваа генерација на BMW. Освен што изгледа моќно, не би можел ништо да кажам друго.
Благодарам однапред.
Одлично ауто ако му се свиѓа дизајнот. Брзо, удобно, рафинирано и ако вози на отворено релативно економично, накитено е со сите керефеки зависно од нивото на опрема ама штом е 530 обично има повеќе опрема. Препорачувам LCI/Facelift ем поубаво на лик ем решени повеќето ситни проблемчиња.
Скапичко за одржавање како и сите BMW-иња ако го носиш на саглам сервис (препорачувам)...затоа на интернет има миљон DIY видеа за сервиси и поправки. Оригинал резервни делови и потрошен материјал се исто така скапи, затоа многу луѓе забушаваат со редовни и квалитетни сервиси/делови па стално нешто им се расипува. Колега го носеше e39 530d у некоја гаража у Чаир (пријател му бил мајсторот се разбирал многу и поршиња поправал)...пола месец го возеше пола на сервис, му се палеа сијалички, му трокираше, не му палеше, 2 ременици смени, една нова кинеска правеше неверојатни вибрации, една на старо му рикна за некој месец...го однесе на саглам сервис (auto-in, daim, noce) стави оригинал нови делови и од тогаш нема никаков проблем.
Пример за редовен сервис: оригинал BMW уље + филтер + штопна + работна рака е 12.000 денари....се разбира можеш да ставиш какво сакаш уље и филтер и да те фати упола ама не препорачувам, затоа што може да повлече други потенцијални проблеми.
Како и секоја кола на старо, да се однесе на сервис да се провери компјутерски, визуелно и физички, да се провози убаво по лош пат, угорници, удолници, легнати џандари, автопат и да се пробаат сите електрични уреди.
Караванот мислам дека е во одлична состојба и повеќето ризични и скапи делови се веќе сменети/отстранети лептири/swirl flaps, сменето уље и филтер на мењач...итн нека си каже
@Carpathian Lord