Ако стварно ова не беше трики квешчн, тогаш треба да се предвидат повеќе математики во одлуката. Без разлика на (општото) мислење на јавноста тука за ауди како богот на сите аута на планетава, меганот воглавно има поефтини сервиси оверол, па треба да се земе и тоа во предвид. Понатаму, потрошни материјали, гуми ово-оно, дискови, кочници, амортизери, подвозје и слични работи колку ќе те „уназадат“ во одржувањето на аудито. Секако, тука е инстант - паричната добивка. Колку би добил сега за ауди од 2001 и колку би добил за 4-5 години кога колата веќе ќе биде пунолетно и у америка. Јас искрено, би го задржал меганот.
Не, не беше трики квешчн

Пред се, да не бидам сфатен дека веќе одлучив за Аудито, ке направам една мала компарација во однос на трошоците околу двете коли.
Имено, Аудито е во наш посед од 2010 (или околу 80к км.), Меганот е неполни 2 години (околу 25к км). Ако споредиме трошоците за одржување на овие две возила, реално и не е толку голема разликата во однос на цени.
- Малиот сервис е незначително поскап за Аудито ( има малку поскапи филтри, маслото е иста цена ), или приближно 6000 денари.
- Големиот сервис е скоро идентична цена, или приближно 250 евра.
- Реното вози 16ки гуми, Аудито 15ки, ценовно во корист на Аудито.
- Плочки ( предни ) беа и за Аудито и за Реното беа приближно 2500 денари ( од брендот Textar ), за дискови не знам точна цена, но на Реното задните дискови се менуваат комплет со
се лагер и чинат околу 10000 денари. - Во однос на подвозје, да ке се сложам, Аудито има покомплицирано подвозје и чини повеќе. Но ако земеме предвид дека за овие 8 години на Аудито не е сменето ама баш ништо од
подвозје, а проверено е пред 2 месеци и е во одлична состојба, Реното исто има подвозје во одлична состојба но променети се чаури на трап пред околу 3
месеци и буфери на амортизери одма откако беше купено, а стабилизаторите му се позната слаба страна.
Субјективно, плусеви за Аудито се : Подвозјето т.е цврстината на подвозјето, завршната обработка на Аудито кое и после 17 години не се слуша никакво крцкање додека возиш, звучната изолација, Возачката позиција, нема дпф т.е потенцијално скап дефект.
Субјективно плусеви Реното се : Иако не е по мој кеиф, но подвозјето е прилично удобно и морам да го окарактеризирам ако не како добро, нека биде пријатно да се биде во колата. Има солиден багажен простор за димензиите на колата, и реално полесно се снаоѓам со Реното низ град отколку со Аудито
Ова е во кратки црти, се надевам успеав да го срочам како што треба, ако се сетам на уште некои работи кои би биле интересни да се споредат, ке ги додадам.