Видеото од погоре е селективно и неможе да се земе за релевантно.
Пресметката му важи за возила кои што поминуваат 12000 милји годишно, и врз основа на овој податок прави многу паушални апроксимации.
Многу, лоша стартна позиција за да изградиш теза и да ја браниш, ама интересна за да направиш видеа на Youtubе и да кркаш кликови и гледаност.
Во неговото излагање нема никаква информација за:
1. Застапеност на пазарот на возилата со 2, 4, 6, 8, 10 години
2. Која е просечната километража која овие возила ја имаат изминато.
3. Која е просечната цена која што овие возила ја имаат во пропорција со изминатите километри.
Многу е лесно да тврдиш:
"Купи си кола на старо со малку километри максимум до 4 години стара"
Ама како прво многу е тешко такво возило да најдеш.
И доколку го најдеш најчесто цената не му е атрактивна, затоа што претходниот сопственик кој што решил да ја продава веројатно знае дека продава "речиси ново" возило.
Е тука, стапуваме на сцена ние на форумот со коментари од типот "не е нормален колку и бара" , "никад нема да ја продаде", "за 3000 евра плус ќе купам нова, што му е на овој".
Се разбира секогаш улетува по некој примерок со малку километри по дапминг цена, затоа што сопственикот е во финансиски зорт. Ама тоа не е репер за да го земеме како константа во муабетот.
Исто така многу ви е погрешен наративот со кој што латентно ги етикетирате како "глупи" тие што купиле ново возило.
Можеби луѓето сакаат да си купат ново возило, и не се до толку бедни и очајни да купуваат половни возила.
Ве заболе ова последното а?
Ве пецна по егото?