Не е вешт возач, нема сеуште ни положено, замислата беше сега да купеме кола за во МК и кога ке сме таму да си имаме количе, некое маленко(пожелно 2седишта), може и кабриолет, само да не е од 10к евра(до 3000-4000евра на бг табли). Колата најверојатно најверојатно ке биде на странски таблици, планирам да купам од Шведска некоја здрава кола чувана со историја(строго е, нема враќање километри и други курајберски работи), а не некоја од бугарија, поточно отпадот од италија и германија. Првата година ке биде на шведски табли, потоа ке ја преведам на бугарски за да можам лесно да си ја регистрирам и никој друг да ја возе. Нормално, жената моментално нема возачка, еднаш и дадов една стара астра да возе, ме качи на тртоар(среќа не испаничи) и тоа беше се. Затоа првите година две, колата јас ке ја возам. Нејзе и се допаѓа ТТ одсекогаш, ниедна друга кола не сака освен ТТ, има можност да си дозволи и зошто да не. Е сега како што гледам тоа ти е луто пиперче од 180кс па нагоре и не е баш кола за жена, ама верувам дека до 100ка некогаш ке каче. Ке видеме, здравје, додека се одлучеме и додека дојде време за купување, ке сменеме доста планови, само ме интересира како се покажени во смисол на издржливост. Да не имаат некој дефект со мотор или слично, еве како што спомна Клен со суспензијата...