Јас имам 1.5 дци.. Мислам дека дизел е подобар избор, секако ако најдиш одличен примерок..
Јас за година ипол му свртев околу 32.000км и досега сум немал некој дефект.. Само редовни сервиси, сет ламела, амортизери и заден лагер..
Потрошувачката е многу мала.. Еве пред 2 дена измерив, со 1000 денари изминав околу 460км од кои 200 се отворено, другите градска.. Секако со нормално возење без стегање.. Сервисите се прилично евтини, освен филтерот за нафта кој кошта околу 1300 денари..
Негативни страни немам што да кажам.. Едина мана што можам да му најдам е внатре пластиките почнаа да ми крцкаат (ништо чудно ради вуферот назад...), воедно ако знај некој решение нека кажува
Едит.. Ќе те излажев.. Баш во моментов имам ситен дефект, некој сензор на пумпата за висок притисок ме зафркава, па на 3000-3200 обртаи чекот ми се уклучува едно 3/4 секунди.. Бев на мајстор али мајсторот ми вика 2 сензори биле.. едниот бил скап другиот ефтин па незнаел кој да ми кажи да го земам за да се смени и баталив таа работа..