Дури се однеси на фарбање и дури шофершајбната ми е изваена, решив да ја реставрирам маската напред. Предлогот со тапацирање или покривање со скај отпадна, па решив да ја направам поинаку. Слика од споени чекорите на работа:

Мало објаснување во чекори:
1. Ја избришав убо за да се видат сите пукнатини.
2. Местата каде шо беше испукана, се поткренати, па со скалпер се сечат кренатите делови.
3. После сечењето.
4. Китирање со пластичен кит во комбинација со обичен, отприлика 4:1 сооднос.
5. Стружење на китот (не многу фино) и на целата маска, да измазни што повеќе и да нема разлика меѓу китираното и другото.
После стружењето, добро бришење со водена крпа, па сушење. Следно беше прскање со боја. Мат црна боја со релјефна текстура како на сликата:

И уште една слика од крајниот производ:
