@ Simo, со сето ова што го наброја сакаш да кажиш дека мерцедес си е мерцедес (поговорка кажана од секакви луѓе)?
@Deni, не се согласувам дека е до квалитетот на гумата бидејќи гумите се корморан

Најверојатно најевтина гума после кинеските, но колата ја зедов со такви произведени 2015 и возени 8000км па не планирам одма да ги менувам. До димензијата можеби, 245/45-17.
@Vlatzki, само сакав да разграничам дека не правам муабет за он/офф кочница каква што возев на меганот, туку дека правам муабет за сериозно кочење при брзини над 150км/ч со кола од околу 1700 кг.
Впрочем, денеска при брзина од 150 км/ч морав нагло да закочам и едноставно се "закопа" в место без да се уклучи абс-от. А пред некое време при брзина од 120км/ч ми излезе куче пред мене и рефлексно удрив на кочница, ми се уклучи абс-от и повторно многу брзо застанав. Истата забелешка дека има многу добри кочници ми ја даде и еден другар кој има возено секакви коли (бмв-иња, поршеа, ауди, мерцедеси, лексуси и други прилично јаки модели). Другар пак, има ц класа од 2001 и си бара пат за да закочи, што значи не сите мерцедеси го имаат ова кочење.
Дали SBC системот на кочење е многу добар? Дали авангард моделите имаат поголеми дискови (ова ако го знае некој може да сподели) како "спорт" верзија кај оваа година на мерцедеси? Инаку се работи за е270 w211 од 2005 година.