Па започнав со идејата да се додаде во анкетата. Еден клик работа. Ако се додадеше, ќе гласав за тој бренд и ќе кажев дека сум купил и што како. А да напишам коментар кој најверојатно ќе биде прескокнат при листање на 100 страни, каква корист има?
Значи ако ги имаше во анкетата горе, во тој случај ќе оставеше коментар и како што сфаќам коментарот немаше да ти се изгуби низ страниве ?
Ете тоа што сум гласал јас за Вокинг, дали тоа би те натерало тебе да ги купиш нив ?
Ете на пример и да сум имал искуство со нив и да сум дал некакво резиме за истите, и пример тоа сега се наоѓа на 25 страна од темава, дали тоа нешто менува ?
Истото би се случило и со твојот коментар, независно дали ги има погоре во анкетата или не. По 1 година темава ќе има дополнителни 15-20 страни, така да посекако твојот коментар ''би се изгубил'', особено за луѓе што не сакаат да листаат по темите.
И на крај краева, и да ги имаше, ќе имаа моментално 1 глас само од тебе.
Што тоа менува кога има најмалку 5 производители кои имаат далеку повеќе гласови и било кој рандом читател кога би фрлил око на анкетата, сигурно нема да ги воочи Вокинг или твоите Комлајн, туку ќе види кои имаат најмногу гласови, и ќе си бара такви.