Поентата на рамнењето е и очигледна и практична.
Очигледната е дека добивате диск без бразди ископани од претходни плочки. Пличките се композитен материјал и си прават бразди/патеки. Со порамнувањето се добива сценарио како со нов диск - плочките ќе "легнат" поубаво уште од почеток. Не дека на неизрамнет нема да легнат после долг период, но поентата е уште од старт да се добие квалитетно кочење без звук.
Практичната е доколку постои материјал кој формирал запче на работ на дискот и при контакт со плочките ќе генерира некаков звук. Може да се реши и со правење на чамфер на плочката, но тоа не е решение на проблемот туку санирање на последицата.
Инаку, на темава зборувам како, веројатно, најголем паталец во оваа област. Јас препорачувам фино порамнување на дискот на струг кај искусен мајстор. Во Битола има таков, не е скап и знае што прави. Околу 1500 денари 4 диска, тоа е отприлика реална цена. Исто така препорачувам кога се ставаат нови дискови да се провери дали главините се прави во однос на оската на ротација(со компаратор). Тие кои работат на струг имаат ваков инструмент, едноставен компаратор. Има и на ebay, кој сака да си провери сам кога на мајстор ќе му ги извадат старите дискови, но најдобро е да најдете некој кој го има инструментот и тоа да го направи за вас.
Истовремено, со инвестиција на смешна сума во порамнување, покрај тоа што добивате порамнет диск, на долги патеки инвестирате во опстанок на работата на конкретен занаетчија. Кога тогаш ќе ви затреба повторно. Ако се трудите по секоја цена да избегнете плаќање на смешна сума од која имате реален бенефит еден ден и да сакате нема да можете да ја добиете таа услуга по реална цена, туку ќе морате да одите во компанија која има фенси скапа опрема и ќе ви наплати колку за нови дискови од пониска класа.