Јас чисто како инфо гледав кога би зимал сега телефон, колку би ме чинел преку А1 и бонусот за Комбо пакет што го имаме (L тарифа) и ако ја протолкував убаво понудата, излегува дека за продолжување на актуелниот договор за уште 24 месеци, покрај бонусот и со еднократна доплата од 16.000 денари ја добивам следната понуда:
Samsung Galaxy S26 5G со 12GB RAM и 256GB + подарок Samsung Galaxy A57 5G 8/256
Мене ми изгледа добра понудата, не сум некој со големи барања, актуелниот телефон ми е HUAWEI P smart Z од 2019 година (со 4 ГБ ра и 64 ГБ меморија), ако не и постар.
Знам дека прават маркетиншки трикови со цени и слично, како ви изгледа понудата?