Автор Тема: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ  (Прочитано 747634 пати)

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 450
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #4125 на: 20 Октомври 2025, 19:58:11 pm »
Многу ниска цена за 15 про макс,  100-150 евра може повеќе да се извлече.

Инаку јас цел живот користев Самсунг и Хиаоми, сега решив да сменам и земав 16 Про. Не ми се допадна дизајнот на 17 Про па земав 16 Про

Без проблем се навикнав на иос.
 Брз, држи батерија 8 часа сот, камера супер. Се што му треба на еден корисник.
Со последниот апдејт се се среди. 



Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8966
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #4126 на: 20 Октомври 2025, 20:13:51 pm »
Тоа позади е стакло, за да може wireless charging. Не знам од кај виде пластика.  :D

Поентата му е да каже дека купиле 17 про макс.



Не биди луд, си му го видел бицепсот?

Јас од страв Алфа купив...
Еве, следно и Салсунк ако треба...
Министерство за транс, поп и виски.

Присутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7327
  • French diamond
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #4127 на: 20 Октомври 2025, 20:15:42 pm »
Ајде бацина, ви фрлив банана одма се фативте. Се гледа дека сте мајмуни, ако не сте од Прилеп  :-*
П.с ти за таков бицепс и Алфа можиш само да сонваш, дури свириш на гитара, е*ате тркало.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8966
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #4128 на: 20 Октомври 2025, 20:17:19 pm »
Ајде бацина, ви фрлив банана одма се фативте. Се гледа дека сте мајмуни, ако не сте од Прилеп  :-*

Не се лути, бе, датееам, знаеш дека се зезам. :)
Реално, зошто би се закачал со некој ист како мене - тепам деца по улица, не дирам 120-килаши :)
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • The best or nothing.
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #4129 на: 03 Ноември 2025, 17:32:10 pm »
Сакам да купам самсунг с23. Телефоните се претежно 2 години стари, па (мислам) најверојатно батеријата им е деградирана. (плус, обичниот с23 има батерија со мал капацитет)

Знаете ли во кој сервис вршат промена на батерија за самсунг с23? Знам дека секоја мобилара врши промена, но дали користат оригинални батерии, не сум сигурен во тоа.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30196
    • CARclub.mk
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #4130 на: 03 Ноември 2025, 17:51:50 pm »
Батеријата ќе биде деградирана, а колку... Никој не знае. Јас не би ти препорачувал да менуваш батерија, бидејќи кога еднаш ќе се отвори телефонот, никогаш нема да биде затворен како што треба. Ќе влегуваат прашинки, ќе изгубиш водоотпорност, итн.

Јас имам регуларен S22, стар е веќе триипол години. Ако не го оптеретувам телефонот многу, батеријата може да издржи цел ден. Ако го користам поинтензивно, си бара полнење во текот на денот. Единствена причина зошто не сум го заменил со S25 е идиотската одлука на Samsung да ја задржи мање-више истата батерија. А S25+ и Ultra ми се ептен преголеми и непрактични.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17824
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #4131 на: 03 Ноември 2025, 18:25:59 pm »
Сакам да купам самсунг с23. Телефоните се претежно 2 години стари, па (мислам) најверојатно батеријата им е деградирана. (плус, обичниот с23 има батерија со мал капацитет)

Знаете ли во кој сервис вршат промена на батерија за самсунг с23? Знам дека секоја мобилара врши промена, но дали користат оригинални батерии, не сум сигурен во тоа.


Видео Дата на Рузвелтова (до Сетек) вршат промена со оригинални батерии и веројатно оригинална сервисна процедура што би требало да задржи водоотпорност.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6568
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #4132 на: 03 Ноември 2025, 18:54:18 pm »
Кој сака нека го сервисира, по која сака процедура, сигурен сум дека нема да биде веќе водоотпорен телефонот по отворање.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • The best or nothing.
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #4133 на: 03 Ноември 2025, 19:42:28 pm »
Јас имам потреба од мал телефон. Не сликам, не снимам видеа, телефонот ми е за ало-ало, форуми и помалку од 1ч во денот социјални мрежи (само за вести и случувања)

За нов с25 немам пари (ниту би дал некогаш), па опцијата е половен мобилен. Не знам, дали за тие 200/250евра може и некој ајфон да влезе во опција, а да го користам следни 3 години.
Според интернет, препорачуваат с23 и да се промени батеријата, па да бидам раат следни години.

На тема с25 ултра : Можеби е врв на технологија, со пенкало и се останато, ама тоа е брате мили, Цигла.
Јас не можам со една рака да го користам тој телефон.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1898
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #4134 на: 03 Ноември 2025, 20:34:39 pm »
Јас имам потреба од мал телефон. Не сликам, не снимам видеа, телефонот ми е за ало-ало, форуми и помалку од 1ч во денот социјални мрежи (само за вести и случувања)

За нов с25 немам пари (ниту би дал некогаш), па опцијата е половен мобилен. Не знам, дали за тие 200/250евра може и некој ајфон да влезе во опција, а да го користам следни 3 години.
Според интернет, препорачуваат с23 и да се промени батеријата, па да бидам раат следни години.

На тема с25 ултра : Можеби е врв на технологија, со пенкало и се останато, ама тоа е брате мили, Цигла.
Јас не можам со една рака да го користам тој телефон.
Ако не правиш ништо од тоа, зошто мора да е премиум линија? Подобро земи нов А56, Xiaomi Redmi Note 14 или што и да има помало midrange, плус сите се одлични со батерија...

Edit: A55 е околу 17.000ден.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk

Отсутен Tiro

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 357
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #4135 на: 03 Ноември 2025, 20:55:09 pm »
Јас имам потреба од мал телефон. Не сликам, не снимам видеа, телефонот ми е за ало-ало, форуми и помалку од 1ч во денот социјални мрежи (само за вести и случувања)

За нов с25 немам пари (ниту би дал некогаш), па опцијата е половен мобилен. Не знам, дали за тие 200/250евра може и некој ајфон да влезе во опција, а да го користам следни 3 години.
Според интернет, препорачуваат с23 и да се промени батеријата, па да бидам раат следни години.

На тема с25 ултра : Можеби е врв на технологија, со пенкало и се останато, ама тоа е брате мили, Цигла.
Јас не можам со една рака да го користам тој телефон.
A36 zemi 6/126 i brkaj rabota naredni 5 godini.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7187
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #4136 на: 03 Ноември 2025, 21:01:51 pm »
Јас би ви рекол да не се замарате со тоа дали ќе биде или не водоотпорен бидејќи, не се, нит од фабрика.

Една комична ситуација, А53 кој има некоја заштита од вода/прашина, после неколку дена ставање во торба со влажни пешкири, во посебен предел, почна да драми дека има вода/прашина кај делот за полнење.
Еабве заштитата.

Така да, џабе се замарате.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • The best or nothing.
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #4137 на: 03 Ноември 2025, 21:23:39 pm »
Ако не правиш ништо од тоа, зошто мора да е премиум линија? Подобро земи нов А56, Xiaomi Redmi Note 14 или што и да има помало midrange, плус сите се одлични со батерија...

Edit: A55 е околу 17.000ден.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk

Не знам зошто мора да е премиум. Знам дека барав мало телефонче, и с23 ми влезе во избор. А56 гледам е 6.7" . Утре ќе одам до Анхоч, да ги споредам с25 и а56 во димензии. (ако се изложени)
Баш отворив на интернет, а56 нов е 300евра во мобилара, додека с23 половен е 250евра.
Разумот вика ново си е ново. :)

Единствено, не знам како би се пожала рам меморијата. 6 вс 8 вс 12гб, во следни години.
Моментално имам моторола 4/64, и приметувам дека многу често ми сецка, "штуца".  :)
« Последно менување: 03 Ноември 2025, 22:22:13 pm nikola98 »

Отсутен mac_mk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #4138 на: 03 Ноември 2025, 22:26:52 pm »
Јас би ви рекол да не се замарате со тоа дали ќе биде или не водоотпорен бидејќи, не се, нит од фабрика.

Една комична ситуација, А53 кој има некоја заштита од вода/прашина, после неколку дена ставање во торба со влажни пешкири, во посебен предел, почна да драми дека има вода/прашина кај делот за полнење.
Еабве заштитата.

Така да, џабе се замарате.
Во конекторот за полнење секако може да влезе вода без разлика дали е водоотпорен или не телефонот, така да скроз нормално е да не ти дозволи да го полниш додека не се исуши. Досега сум снимал под вода со неколку модели од С серијата на Самсунг, и никогаш не сум имал проблем.

Sent from my SM-S931B using Tapatalk


Присутен MartinK_2

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
  • Сите реки водат накај море, сите улици кон дома...
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #4139 на: 04 Ноември 2025, 00:11:50 am »
Ако сакаш имам за продажба Samsung Galaxy A55 5G 8/128, купен од Сетек крај на Март со 24 месеци гаранција.