Автор Тема: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ  (Прочитано 656716 пати)

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3705 на: 01 Април 2024, 15:45:51 pm »
iPhone се споредува со Ѕ класа на Самсунг, не може никако со А класа да го споредувате и да кажувате како јаболкото е подобро. И С21 е подобар од А54, тоа не значи дека Самсунг е Самсунг... Исто како што не може да се споредат Мерцедес Ѕ класа, со Ауди А5, БМВ серија 1 и Југо.

Sent from my SM-S908E using Tapatalk

Ајфон х го доби најновиот иос 17 и сите секјурити пачеви, додека, конкуренцијата, самсунг галакси с8, што мислиш кој андроид вози и кога има добиено секјурити пач последен пат?
Пс: Без навреди не сме ние ISheep, ниту умираме по јабука.
Пс2: Губиш во компактност и тежина на самиот уред.   :P
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3706 на: 01 Април 2024, 15:46:55 pm »
Важи.
Ова може само да го изјави iSheep фан.

Донеси ми било кој Ајфон да го споредиме со мојов S23 Ultra. Во сите параметри.
Кој губи - си оди дома без телефон. Понудата е на маса.
Си користел ли Ајфон некогаш?

Јас прв пат се префрлив на Ајфон во 2020та. Буквално не се замарам со мобилен веќе. Пробај користи Ајфон барем 3 месеци па ќе сфатиш што е поентата.
Јас пробав 2 недели, едвај издржав... Едноставно не е за мене, јасно ми е дека на многу им одговара. Факт е дека е со многу недостатоци и многу напумпана цена.

Sent from my SM-S908E using Tapatalk

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3707 на: 01 Април 2024, 15:47:05 pm »
Имам Ајфон 11 и С21ФЕ, двата купени нови. Генерално исто ја брркаат работата.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3708 на: 01 Април 2024, 15:48:58 pm »
iPhone се споредува со Ѕ класа на Самсунг, не може никако со А класа да го споредувате и да кажувате како јаболкото е подобро. И С21 е подобар од А54, тоа не значи дека Самсунг е Самсунг... Исто како што не може да се споредат Мерцедес Ѕ класа, со Ауди А5, БМВ серија 1 и Југо.

Sent from my SM-S908E using Tapatalk

Ајфон х го доби најновиот иос 17 и сите секјурити пачеви, додека, конкуренцијата, самсунг галакси с8, што мислиш кој андроид вози и кога има добиено секјурити пач последен пат?
Пс: Без навреди не сме ние ISheep, ниту умираме по јабука.
Пс2: Губиш во компактност и тежина на самиот уред.   
Уриме! Доби и можност да се наредат иконите на екранот како што сака корисникот, а ајфон 15 доби и нов, револуционерен, ултрабрз порт, усб-ц.

Sent from my SM-S908E using Tapatalk

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5546
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3709 на: 01 Април 2024, 16:05:50 pm »
Ajфониве баш не се јузер френдли, идиотизам се, еве користам по некој половњак ајфон, а претходно сум користел андроид од кога постои андроидот,  камерата е стварно добра особено за видео, ако земам би земал за тоа, ама користливост 0. Не знам вакви работи како може да се несуредени на нешто шо се смета за премиум.
Ебате телефонот, на секое се барам ако сакам да вратам назад, нема унифицирано копче за функцијата, кој направил програма како шо му текнало на ку*от таму ставил за назад. Јутуб на една страна се враќа, друга програма на друга, низ телефон на трета. Греој.
 Алармот го љуфнаф еднаш оти ништо не кажува кога е наместен, на сите андроиди од кога ќе го уклучиш кажува this alarm wil go off in 8hours или слично, овде ништо. Плус не е за нас сиромајте, сите апликации се  со пари, не зборам за тоа шо си поштовам јас пиратерја и не плаќав ништо на андроид, туку и тие шо ми беа бесплатни на андроид овде се со пари.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3710 на: 01 Април 2024, 16:11:59 pm »

Од бејзик работите да дополнам:

- константен ред со бројки на тастатура
- Т9 dialer
- неможност да се користи како пренослив диск (зошто да не кога имаш 128/256/512Гб меморија)
- Wireless Dex, страшно добра работа

Side-loading на кракувани апликации па да не правиме муабет :)

Sent from my SM-S908E using Tapatalk

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3711 на: 01 Април 2024, 16:27:31 pm »
Uzmi xiaomi brate.  ;D

Шала на страна. Единствено што им замерувам на другиве брендови е што не произведуваат компактни телефони.
Дали шаоми или моторола, ќе извадат 6" телефон, ошав ќе направат.
А ова со брендовиве, сваќи цига, свога коња фали.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3712 на: 01 Април 2024, 17:11:14 pm »
Uzmi xiaomi brate.  ;D

Шала на страна. Единствено што им замерувам на другиве брендови е што не произведуваат компактни телефони.
Дали шаоми или моторола, ќе извадат 6" телефон, ошав ќе направат.
А ова со брендовиве, сваќи цига, свога коња фали.
Asus Zenfone 10 или кој и да беше најнов, феноменален компактен телефон.

Sent from my SM-S908E using Tapatalk

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3713 на: 01 Април 2024, 17:47:32 pm »
Важи.
Ова може само да го изјави iSheep фан.

Донеси ми било кој Ајфон да го споредиме со мојов S23 Ultra. Во сите параметри.
Кој губи - си оди дома без телефон. Понудата е на маса.
Си користел ли Ајфон некогаш?

Јас прв пат се префрлив на Ајфон во 2020та. Буквално не се замарам со мобилен веќе. Пробај користи Ајфон барем 3 месеци па ќе сфатиш што е поентата.

Исто искуство и јас. После ХУ години користење на Андроид, поради тоа што за да добиеш топ перформанси од Андроид треба да купиш огромен телефон  се префрлив на Ајфон и сум 20 пати по задоволен. Препород. Лично веќе никогаш не би земал Андроид телефон (Слично како и малолитражен ТБ :D )
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3714 на: 01 Април 2024, 18:33:19 pm »

Важи.
Ова може само да го изјави iSheep фан.

Донеси ми било кој Ајфон да го споредиме со мојов S23 Ultra. Во сите параметри.
Кој губи - си оди дома без телефон. Понудата е на маса.

Човеку да бев фан на ејпл ке имав и сеа јабука... Ајфон 13 про макс ја гази с23 ката а да не збориме за 15ка.  Службен ми е с23  ката обичната и андроид е тињa...
Ултрата на хартија 200мпх камера а јабуката 12 а во пракса јабуката има болје камера...

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1719
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3715 на: 01 Април 2024, 18:49:04 pm »
Важи.
Ова може само да го изјави iSheep фан.

Донеси ми било кој Ајфон да го споредиме со мојов S23 Ultra. Во сите параметри.
Кој губи - си оди дома без телефон. Понудата е на маса.
Си користел ли Ајфон некогаш?

Јас прв пат се префрлив на Ајфон во 2020та. Буквално не се замарам со мобилен веќе. Пробај користи Ајфон барем 3 месеци па ќе сфатиш што е поентата.

Исто искуство и јас. После ХУ години користење на Андроид, поради тоа што за да добиеш топ перформанси од Андроид треба да купиш огромен телефон  се префрлив на Ајфон и сум 20 пати по задоволен. Препород. Лично веќе никогаш не би земал Андроид телефон (Слично како и малолитражен ТБ :D )
Многу зависи какви очекувања има човек од мобилниот.

Мене ми треба пристојна батерија, пристојна камера и да функционира што и да кликнам. Игри не играм, нити па користам којзнае какви апликации секојдневно. Кога ќе рикне -  ќе одам ќе зеам друг (кој и да го земеш сите функционираат - никој не тера никого да купи 15 про макс, тоа буџетот одредува), ќе го ископирам стариот од ајклауд и животот продолжува.

Ако ми го украдат или го изгубам, го заклучувам, па може само да го препродадат за делови.
« Последно менување: 01 Април 2024, 18:55:16 pm Bravo »

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3716 на: 01 Април 2024, 19:25:07 pm »
Женами има 15 про мах, јас с24у, сака да ми го земи самсунгот  :) 15ката п.м беше малку подобар од 23у, ама од 24у тешко.
Ајфон има само подобар звук/подлабок и толку, а да и издржливост има добра, 20 пати е паднат и нема ни гребка

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5546
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3717 на: 01 Април 2024, 19:27:01 pm »
Кога ќе и суредат барем 50% од овие Огромни недостатоци,тогаш ајфонот ќе биди јузер френдлии барем ќе има со шо да се одстрами од цената, без овие основни работи е само помодарство, телефон од 1000 евра со убава камера оти ми се можи.

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1719
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3718 на: 01 Април 2024, 20:21:04 pm »
Не знам апликацијава Vozzi функционира ли на Ајфон?
Неам акаунт дека.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
« Одговори #3719 на: 01 Април 2024, 20:58:07 pm »
Јас сум навикнат на Андроид. Уште поточно, навикнат сум на customizability на Андроид. Навикнат сум да го користам телефонот по мое. Пробав да користам iphone (некој, не сум сигурен кој, мислам iphone X) пред ууух, неколку години - и издржав цели месец дена.

Не викам дека не е лесен за користење. Апсолутно е лесен. Ама има некои ограничувања кои едноставно не ми проаѓаат. Да не праиме муабет за немањето T9 dialer. Основна, најосновна, поосновна работа не може да биде.