А бе и да најдам (а не мислам да барам), тебе нема да ти биде доволно, пошто веќе си запнал да го браниш твојот став, по секоја цена.
Ја ете најдов, сеа била технологијата крива. А ти предложив и сам да напраиш тест. Земи два екрани (од овој век) и (поасален) скрин протектор залепи врз едниот од нив, па пуштај си топчиња.
А ти може да пружиш видео каде се покажува дека скрин протекторите не прават разлика.
За мене е доволно што скрин протекторот ми го штити екранот од гребаници од клучеви и песок на плажа, па кога ќе истрпи доволно лузни, ќе го сменам со нов. А и лично сум почуствувал моменти кога наместо екранот (без скрин протектор) да се скрши, скрин протекторот настрадал. Ем разбирам како стаклото од скрин протекторот, заедно со лепилото, ја апсорбираат енергијата пред да дојде до екранот.
На некои луѓе им пречи скрин протекторот, (најчесто визуелно), и јас тоа го разбирам, но за мене бенефитите на имање функционален телефон, се многу поголеми од естетиката на истиот.
Edit: Еве нешто од „овој век“ https://www.youtube.com/watch?v=u8oHKskECCA&t=173s
Нема да најдеш доказ дека “протекторите“ додаваат било каква заштита освен психичка.
Јас прв пат среќавам некој да тврди дека скрин протектор е џабе. Ама тоа е. Не секогаш човек може да знае дали дотичниот работи во сервис з мобилни па не трола тука за бизнисот да врви 
Инаку физиката во случајот е кинетичката енергија и нејзиното распрснување. Нешто што карбон фајберот го прави во Ф1.
Фино си кажа, крампл зони кои се каде каде поголеми од дебелината на протектор(max 0.5mm) има во Ф1 карбонот. А кога две тела ќе споиш со цврста врска цела кинетичка енергија ќе се пренесе низ двете. Ако е доволна да го пукне појакиот екран на телефонот како и да е ќе го пукне, а послабиот протектор пукнува од секакви глупости.
Скрин протектор ќе ти го заштити екранот од пукање исто колку што лист хартија пред тебе ќе те заштити од бокс.
За мене немаат поента, за паѓање се бескорисни, за отпорност од гребење не се отпорни како стаклото што го штитат. Така да на кој му се трошат пари за без потреба слободно.
Дополнително, скрин протектор буквално ништо нема да помогне на било кој телефон со заобленост на екранот.
Единствена заштита од падови се добива само од добра маска со асална дебелина(барем 1мм) која има липови над сите делови од екранот за да е скоро невозможно да удри екранот на земја. Парите за скрин протектор е многу подобро да се искористат за добра маска од добар бренд.
Не се објаснувајте џабе со @DarthJe5us ...
Он е секогаш у право. Џабе факти, џабе докажувања... Неговото мислење е правилно и мора да е општо прифатено.
Од сите што ти кажаа дека нема врска тоа што го збориш за телефоните за мене се фати
