Денес монтирани зимски Bridgestone Blizzak LM30, во споредба со летните се доста потивки што ме зачуди, а за мекоста очекував, дечките од Мотоцентар си сработија одлично.
Еве слика како сега изгледа(се извинувам за лошиот квалитет)
Него кога ја земав колата, на над 2000 вртежи се појавува значително поголема бучава во внатрешноста, во мирување е иста бучавата и внатре и надвор, пред да одам до Мотоцентар ставив гориво на Макпетрол, па се мислам дека е од горивото, а ништо чудно и да закачиле нешто при монтажа, некој да не имал некое слично искуство или Ка-Дис да проверат?