Вчера играа мошне организирано а и смирено, иако натпреварот беше драматичен. Ни требаше малку повеќе оној "ветер во грб" од голманите ама тоа е што е, голманите се тие. Да имаме подобри голмани мислам дека слободно можеме да се надеваме на топ 3. Одбраната одлична, а нападот добар, ама па словенците се доста повисока репрезентација од нас и затоа многу удари завршија во блокот. Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме од 5 до 8 место но зашто не и подобро. Останува да видиме како ке биде со црна гора, а со германците мислам дека ке имаме јак натпревар.
Sent from my MI 4S using Tapatalk