Прво, одигравме Македонски ....
ФАНТАСТИЧНО прво полувреме ...Се Функционираше беспрекорно ....
Појде возот у река кога Борче наш, у цел налет на +5 или 6 гола, шутна од гол на гол(избрзани акции при солидно водство), па почнаа цепелини, па не искористивме играч плус во неколку наврати....
Наместо приземјена игра, ние се опуштивме ...
Прашање на денот, КАДЕ БЕШЕ МАКЕДОНСКАТА ОДБРАНА во второто полувреме?
Зашто не го фаулираа мајсторот кој ја прибра последната одбиена топка од данскиот голман, со цел да се спречи контра?
Премногу споро менувавме играчи... Истата постава што игра напад изгледа смешно во одбрана....
Данците, и не само тие, сите кои ке играат против нас тоа ке го користат, со брзи полуконтри и нема да ни дадат да смениме постава со цел да имаме полвалитетна одбрана ...
Ги читам сега интервјуата на Ристовски, на Шундовски ....
Што се кој красни чудат како изгубиле, не ми е јасно, што очекуваа по она катастрофално второ полувреме ...
Ке цркнам од мака бре, криво ми е што по втор пат прокоцкавме убава предност против ракометен гигант ...
немаше кој да крене раце и да го блокира Хансен .... Не убија од 9 метри ....
Секоја чест овој пат на Лазаров ... Фантастичен натпревар ....