Денес, на 53.310 километри направен е 5-тиот сервис на Голфот. Точно цената не ја знам, чекам да стигне фактурата по пошта.
Истовремено, фабричките (сè уште функционални, ама забележливо ослабени) H7 халогенки ги сменив со
Phillips WhiteVision сијалички. Барав Osram Nightbreaker Unlimited, ама не успеав да најдам - најдов само Plus. Симо ми спомна дека он ги земал во Лукоил, ама тотално заборавив таму да пројдам. Нејсе, ете, да ги тестираме овие.
Првите импресии (во подрум во Сити Мол) се интересни - забележливо се побели во однос на фабричките халогенки. Во пакет со сијаличките си доаѓаат и бели позиции, само треба да сконтам како да ги сменам тие.