Еден јубилеј - 15.000 км!Утре Голфот ќе прослави 15.000 километри, ама сигурно ќе ја надминам бројката а нема да бидам во можност да чкрапнам слика, па решив малку порано да ќарам една.
До сега сум генерално презадоволен. Моторот е одличен, супер се носи со колата и потрошувачката е задоволувачка. Не сум направил некоја посебна рачуница, али не го ни возам нешто посебно споро, а просекот во град е околу 7-7.2 литри на 100 километри.
Позитивни страни:
- Одлична звучна изолација.
- Одличен комфор.
- Супер материјали.
- Моторот е одлично погоден за колата.
- Седиштата се something else.
- Максимално комотен на отворен пат.
Работи кои не се толку добри:
- Недостасуваат места за ситници во внатрешноста, особено место за оставање новчаник/телефон. Местото на пепељарата зазема многу простор а кога ќе се затвори поклопецот е под агол и при забрзување работите се лизгаат наназад.
- Мноооогу глуп раб на багажникот. Еднаш се треснав во него и гледав ѕвезди.
- Недозволиво е отсуството на Bluetooth во ова ниво на опрема.
Поминати се помалку или повеќе точно
8 9 месеци од кога е купена колата. Од досегашните 15.000 км, околу 10.000 се поминати во град, а 5.000 на автопат.
Генерално сум задоволен од односот во Porsche Македонија. Првиот сервис го закажаа и го направија брзо и професионално, иако прескапо (1000 мкд + ддв за литар масло е грабеж). Беа максимално услужни кога некој ми го скрши стаклото на паркинг, и обезбедија и монтираа дел за помалку од 24 часа. Секогаш биле трпеливи и услужни за сите мои музички желби и можеби непотребни прашања. При промена на стаклото непотребно извадија еден од гумените кедери на вратата, и при тоа малку го оштетија. Кога им ја истакнав грешката, нарачаа нов кедер и го променија. Во еден момент се јавуваше чуден (и неверојатно тивок) звук од средината на воланот (под ербегот, кој само јас го слушав, а другите ме правеа ненормален). Кога им кажав за ова го извадија ербегот и го средија звукот.
Како за почеток, одлични 15.000 км! Одиме понатаму!