http://www.nedavamelink.com.mk/default.asp?ItemID=.!.АМСМ предупредува: Внимавајте на гологазица
Поради многу ниски температури можни се подмрзнувања на коловозот, АМСМ препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови и по влажни коловози, особено во западниот дел од државата, каде се регистрирани врнежи од снег со среден интензитет.
Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци Крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево (пл. Премин Стража), Струга – гп.Ќафасан, Кичево – Македонски Брод – Прилеп, додека сообраќајот на патниот правец Отешево – гп.Стење е нормализиран.
На повисоките планински и осојничави места има остатоци од снег кои го забавуваат движењето на возачите.
АМСМ препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар - Струга, Маврово - Дебар, Катланово - Велес и Демир Капија - Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.
Поради ниските утрински температури на повисоките и осојничави места можна е појава на гологазица.