По улициве е жива катастрофа...Плус никој не сака да си очисти пред врата...Само кај мене пред гаража беше чисто секој ден, пошто пред да одам на работа, а и кога ке се вратев, си чистев...Пред двор и влезна врата на улица ми е чисто...
Не видов ниеден комшија да излезе со лопата да подрасчисти...Дури и јас кај што чистев да си ја паркирам колата, ми се паркирал комшијата, па морав јас во снег да се паркирам...Многу мудро од негова страна, но среќа што не го видов за да му кажам...
Него небитно...
Сакам да кажам дека ако секој земе да си очисти пред врата, снег нема да има и се ке биде чисто...Треба да се направат некој измени во законот и да се казнува секој оној кој нема да си исчисти пред врата и паркинг каде ја паркира колата. За нечисти коли исто така би ставил казна...Никој не сака да чисти снег од кровот, а додека се вози, летаат парчиња позади него...Не само што ја загрозува безбедноста како учесник во сообраќајот, него ја загрозува и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
Толку.